Ако се двоумите дали на вашето малечко дете да му ја исполните желбата да удомите маче, би требало да знаете дека тоа навистина може да ви го направи животот поубав. Родителите често се загрижени како новиот член на семејството ќе влијае врз здравјето на детето, но ако мачето не спие со него во креветот и ако водите сметка за хигиената на просторот, нема причина за загриженост. Помислете само на благодатите што ќе ги има детето од животот со мачка, а ти се следниве:

Ќе биде поздраво

Истражувањата покажуваат дека децата што растат со мачка имаат посилен имунитет и помали шанси за развивање алергија, па се многу поздрави во детството.

Ќе се научи на одговорност

Малото дете што ја сака својата мачка ќе научи да се грижи за неа, да ја храни, да ѝ дава вода и да го чисти нередот што таа го прави, а тоа е модел кој ќе го повторува во сите други релации.

Ќе има поголема самопочит

Тој што има мачка, има верен пријател, а со тоа доаѓа и доживувањето за нечија приврзаност. Тоа е сврзно коло во кое се наоѓаат чувствата на самодоверба и самопочит.

Ќе знае да ги изразува емоциите

Мачката секогаш знае да покаже дали е среќна, тажна, лута, гладна… Децата ќе научат да го препознаваат тоа и истовремено да ги изразуваат и своите чувства и расположение.



912

X