Клои Секстон е сопственичка на пекарница во Мемфис и мајка на две деца, 6-месечниот Теодор и 7-годишниот Мејсон. Може да се заклучи дека добро ги знае предизвиците што доаѓаат со мајчинството и водењето бизнис истовремено.

По неодамнешното искуство во кое нејзиниот сопруг ѝ помогнал со дел од нејзината секојдневна рутина, таа била инспирирана да ја покрене темата за она што го нарекува „привилегија на тато“.

„Привилегија на тато“

Тоа е термин што се користи кога мажите добиваат пофалби за извршување нормални должности што се очекуваат од родителите.

– Имам мала забавна приказна за „привилегија на тато“. Ако ме следите, знаете дека имам бизнис. Јас имам работа, и мојот сопруг има работа. За мојата пекарница секоја недела купуваме одредени резерви од една продавница. Го носам Теодор додека купувам и тоа го правам секоја недела. Минатата недела, на денот кога вообичаено го правам ова, мојот сопруг имаше слободен ден и реши да го направи тоа за мене, но тој ден го чуваше и Теодор. Поради тоа, беше третиран како ХЕРОЈ. Имајте на ум, истите луѓе таму ме гледаат секоја недела – објаснува Клои.

– Го правев истото и бремена, а потоа и носејќи бебе в раце, но никој не го забележа тоа. Јас бев само жена која се занимава со женска работа. Но, кога мојот сопруг носи дете и оди во продавница за да ја заврши мојата работа, слуша: „Погледни се. Боже, колку напорно работиш“ – вели Клои.

– Тој не е херој. Тој е само татко, само родител, ги прави истите работи што ги правам јас секоја недела. Кога станува збор за татковците, нивото е на подот. Тажно е – пишува една интернет-корисничка.

– Од жените секогаш се очекува да прават сè одлично, а од друга страна, никој не ги цени поради тоа – пишува друга.

@chloebluffcakes

It’s the daddy hero treatment for me ?

♬ original sound – Chloe

Извор



912

X