Анализирајќи ги мажите и жените родени помеѓу 1911 и 1925 година и нивните деца, истражувачите дошле до заклучок дека поради поддршката од нивните синови и ќерки, стресот кај родителите во поодминати години веројатно ќе биде помал, што доведува до подолг живот.

Друго многу интересно истражување покажало дека мајките што имаат две биолошки деца живеат подолго од жените што немаат деца или имаат само едно дете.

Но, се чини дека да се има две деца е исто толку важно за мажите колку и за жените. Истото истражување го анализира и го поврзува бројот на деца и очекуваното траење на животот на мажите.

Резултатите покажале дека во споредба со татковците без деца или со едно дете, мажите со две деца живеат многу подолго.

Дури и посвојувањето може да има значителни придобивки. Жените што посвоиле две деца имаа уште подолг животен век во споредба со биолошките мајки. И уште поинтересно е следното – кога се споредува бројот на посвоени деца и долговечноста, родителите со две посвоени деца живееле подолго во споредба со оние кои посвоиле едно дете, но исто така и во споредба со оние кои имале четири посвоени деца.

Друг прилично интересен заклучок е дека посвојувањето на дете се чини дека додава три години на животниот век на мајката.

Посвојувањето на две или три деца додава пет години на нивниот животен век. Ова исто така може да се објасни со поддршката што децата ја даваат на постарите родители.

Извор



912

X