Просечната возраст на која луѓето во Велика Британија се одлучуваат за родителство секоја година расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во Велика Британија, во текот на 2018 година просечната возраст на жената што првпат родила била 30,6 години, додека просечната возраст на новите татковци била 33,6 години.

Денес, жените имаат 31 година кога првпат раѓаат дете, додека претходните генерации имале 24 години. Речиси половина од жените во Британија и Велс (48 отсто) што биле родени во 1988 година останале без деца на возраст од 30 години во 2018 година.

Родителите најчесто имаат две деца, иако расте и бројот на оние што се одлучуваат да имаат само едно дете. Постојат неколку причини зошто жените подоцна основаат семејство, вклучувајќи подобро образование и кариера, како и желбата да се заштедат пари за првин да се купи дом.

Ова е промена што се рефлектира кај некои од жените од висок профил, па така војвотката од Сасекс имаше 37 години кога го роди Арчи, додека Амал Клуни имаше 39 години кога ги роди близнаците. Ева Мендез стана мајка на 40 години, а две години подоцна ја роди и втората ќерка со Рајан Гослинг.

Извор



912

X