Бабата и дедото се личности од кои секогаш можете да побарате помош, а тие најверојатно никогаш нема да ве одбијат. На внуците и внуките секогаш им приготвуваат посебна храна и кога и да ги прашате за совет, ќе ви го понудат со големо задоволство.

Еве неколку најдобри цитати за бабите и дедовците што покажуваат колку се тие важни во нашите животи.

Бабата е личност која нежно ги нуди своите топли прегратки. Секогаш се сеќава на остварувањата на своите внуци, не гледајќи ги нивните грешки. Нејзината желба секогаш е во заднина, додека потребите на внуците секогаш се на прво место.

Секогаш има време да ги слуша своите внуци, да игра со нив, да ги следи на прекрасни места, да им чита, да се смее или да си игра со нив. Бабата е личност која деноноќно мисли на своите внуци.

Најубавото искуство е да се биде баба.

Најубаво е да се гледаат своите внуци како трчаат, како играат.

Прегратките на бабите спаѓаат во најпријатните работи што човек може да ги направи.

Љубовта кон внуците е вистинска љубов што ја чувствувате од првиот момент на нивното раѓање.

Покрај мајката, најдрага е бабата. Најпослушни деца се оние што имаат баби и дедовци.

Бабата е еден од најдобрите примери за следење.

Бабата е личност на која секогаш можете да се потпрете.

Бабата е таа што ви дава сè што сакате.

Сè што родителите забрануваат, бабата го нуди.

Таа е најубавото сеќавање од детството.

Извор



912

X