Воспитување

Љубоморна сум што моето посвоено дете сака да ги запознае биолошките родители – како да се справам?

„Мојата ќерка е посвоена и јас и сопругот ѝ кажавме веднаш кога можеше да разбере. Секогаш знаев дека има шанса да посака да знае повеќе или да ги контактира биолошките родители. Сега кога тоа време дојде, навистина ми е тешко да прифатам. Дали е погрешно што навистина посакувам да не ѝ е гајле за нив?

Љубоморна мајка

Сакам да започнам преку признавање на фактот дека овој процес е навистина тежок. Не сум експерт за посвојување, но можам да потврдам дека има голема динамика во балансирањето на измешаните емоции кај овие семејства. Логичниот дел од вас знае дека ова било очекувано, додека емотивниот дел сака да „вреска“ за тоа.

Чувствата не се погрешни

Најлошото што можеме да го направиме за емоционалното здравје е да одрекуваме одредени чувства. Негирањето и потиснувањето на емоциите само ја зајакнува нивната сила и остава негативни последици со текот на времето. Вашите чувства никогаш не се погрешни, па важно е да ги обработите соодветно. Сте ги именувале како љубомора и желба ќерка ви да не сака да ги контактира биолошките родители. Следно што треба да направите е да ги обработите овие емоции пред да стапите во интеракција со вашата ќерка за ситуацијата. Доверете му се на сопругот, пријатели од доверба, терапевт, специјалист за посвојување или самите ако имате начин справете се со љубомората. Поставете си ги прашањата: Кои верувања се основа на љубомората и колку е веројатно тие верувања да се вистинити? Дали се грижам дека односот ќе се расипе помеѓу мене и ќерката, па сакам да го заштитам? Кои се, всушност, стравовите и грижите? Дозволувањето да чувствуваме тешки емоции и да ги разбереме често ирационалните мисли, наместо да чувствуваме срам поради нив, ни помага да се движиме напред кон одговарање на емоционалната ситуација повеќе со разум отколку со чувства.

Вредностите го поттикнуваат однесувањето

Кога работам со деца на справувањето со тешки емоции, секогаш го валидизирам она што е најважно, не затоа што децата го чувствуваат тоа, туку поради она што го прават во тие ситуации. Може да се чувствувате љубоморни и исплашени, но откако ќе ги процесирате емоциите, фокусирајте се на вашите вредности како родител. Што е важно во вашето родителство? Дали веќе сте демонстрирале отвореност и искреност во односот со ќерката, кои други родителски вредности се дел од моменталната ситуација? На пример, заедничките вредности на независност и емпатија може да одиграат голема улога тука: да ја поддржувате независноста на ќерката во донесувањето важни одлуки и да покажете разбирање за емоционалните потреби, па дури и ако се разликуваат од вашите.

Што е најдоброто за вашето дете?

Интегрален дел од родителството е да се остане фокусиран на она што е најдобро за детето, но некогаш не можеме да сфатиме што е тоа. Моја претпоставка е дека родителите посвојувачи стравуваат дека односот на детето со биолошките родители може негативно да се одрази врз нивниот однос со децата. Има докази дека контактите помеѓу посвоените деца и биолошките родителите навистина придонесуваат за среќата и благосостојбата на децата, а дека ставот на родителите посвојувачи влијае врз искуството на детето. Бидејќи аспектите на посвојувањето може многу да варираат, тешко е да се знае како точно би се одвивале работите. Како детски психолог, сметам дека истражувањата се добри во однос на развојот. Често посвоените деца чувствуваат потреба да контактираат со генските корени како дел од нивниот идентитетски развој и добивањето чувство за себеси. Има многу важни аспекти од растењето за да се биде психолошки поздрава личност, па дали тоа искуство носи болка, збунетост или разрешување, потребата на вашата ќерка треба да биде почитувана.

Добро е да чуете и од неа зошто тој чекор ѝ е толку важен. Прашајте ја што се надева или очекува да се случи, кои се нејзините стравови? Отворениот дијалог и поврзувањето со нејзиното искуство ќе ви помогнат да ги одржите вашите емоции, фокусирајќи ја вашата енергија во поддршка насочена кон неа. Таа основа на доверба меѓу вас ќе ви помогне подобро да се справите со исходот од ситуацијата, а и таа да продолжи да ви се обраќа за поддршка.

Користете достапни ресурси

Посвојувањето дете вклучува животен пат со справување со предизвикувачки ситуации, уникатни во смисла на посвојување, па затоа агенциите за посвојување често нудат низа ресурси. Ве охрабрувам да се потпрете на нив, да се поврзете со други родители посвојувачи и да го споделите своето искуство, да учите од нивното и да добиете поддршка од заедницата. Со тоа ќе може да одговорите на сопствената дилема, како и да се подготвите за соочување со идните предизвици.

Заклучок

Со преземањето на овие чекори и стратегии, ќе можете да се движите од признавање на своите емоции до одговарање на ситуацијата во согласност со најдобриот интерес за ќерката. Сите се соочуваме со родителските борби, а како родител посвојувач, вие го правите тоа уште пред финализирање на процесот за посвојување. Можете да се потпрете на минатото искуство како родител посвојувач за да се чувствувате самоуверени во однос на сегашната ситуација. Без разлика како ќе влијае искуството на вашата ќерка, нема сомнеж дека нејзин најдобар интерес е да ве има вас покрај неа како поддршка.

Автор: Емили Едлин

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top