Неодамна актерката Џенифер Гарнер призна дека нејзиниот бивш сопруг Бен Афлек е задолжен за забавата со децата. Таа се грижи децата да јадат здраво, но кога Бен Афлек е главен, се протнува и понекој кекс. „Сакам да викам: еј и јас сакам кекс! И јас можам да бидам забавна“ – рекла таа.

Се препознав во овие зборови. Како и повеќето мајки, вработена сум и се грижам за две деца. Јас сум одговорна да биде куќата чиста и за приготвување јадење. Како и за развозување на децата до училиште и назад. Ништо од тоа не е баш забавно, но мора да се направи.

Јас не се пријавив за тоа. Со задоволство ќе го направам својот дел од работата. Но да се биде вработена мајка и домаќинка, задолжена за сè во куќата, не е нималку лесно. Постојано грижејќи се за сите, немам доволно време за квалитетно да го поминам со нив. И тоа моите деца дефинитивно го забележуваат.
Моите деца имаат среќа што имаат посветен татко, кој е заинтересиран и вклучен во нивните животи. Но, само затоа што јас сум мајка, и тоа е единствената причина, јас сум задолжена за сè што се случува во куќата. Иако попрво би го поминала времето играјќи си риболовци со мојата 7-годишна ќерка или фрлање топка со 10-годишниот син, кој обожава спорт, поголемиот дел од слободното време правам досадни работи, на пр., развозување на децата и перење алишта.

Мојот маж со задоволство ќе ги причува децата во текот на неделата ако јас морам да работам, но не можам да му кажам да го откаже состанокот за да ги испере алиштата. Како и сите мајки, се обидувам да завршам што повеќе обврски додека децата се на училиште или навечер кога ќе си легнат.

Кога двајцата сме дома, јас обично ги мијам садовите, а сопругот гледа цртани со децата. Забавен татко-победник, досадна мајка-губитник.
Постојано размислувам како подобро да го распоредам времето за да бидам забавен родител или барем еднакво забавен како татко им, но сè уште не најдов вистинско решение. Засега се обидувам да ги научам децата и сопругот да ми помагаат колку што можат.

Бидејќи станав љубоморна на мојот сопруг, кој е забавен родител, се трудам да си го олеснам и да го направам позабавно мајчинството колку што можам. Понекогаш нема да направам вечера или ќе им дозволам нешто нездраво да јадат или подолго да гледаат ТВ и така купувам време за себе, кое можам да го поминам со нив. Ги намалив и моите стандарди во врска со одржувањето на куќата за да имам повеќе време да уживам со луѓето што живеат во неа.

Изгледа дека децата не ги забележуваат овие ситни промени, но јас ги забележувам. Иако сопругот и понатаму е родителот задолжен за забава, добро му парирам. Само затоа што сум мајка, не значи дека не можам да се забавувам, домашните обврски може да почекаат!

Автор: Мередит Гордон



912

X