Воспитување

Лошото расположение на таткото влијае врз интелектуалниот развој на детето

Таткото кој не е расположен, кој е мрзлив и не може да ги контролира емоциите, лошо влијае врз психолошката состојба на детето, вели науката.

Државниот универзитет во Мичиген спроведе ново истражување на оваа тема, а резултатите не само што ја нагласуваат важноста на улогата на таткото во животот на детето, туку докажаа и дека целокупната ментална состојба и расположението на таткото имаат влијание врз психолошка состојба на детето. Во испитувањата, истражувачите собрале податоци од околу 730 семејства кои учествувале во програмите „Ран почеток“ низ светот. Научниците се сосредоточиле на влијанијата од стресот на родителите и проблемите со менталното здравје, како што се депресија и анксиозност, кај нивните деца.

Резултатите покажуваат дека лошата состојба кај возрасниот воопшто негативно влијае врз развојот на психолошките способности кај децата, особено во доцниот развоен период.

Меѓу повпечатливите наоди е и тоа дека менталното здравје на таткото има директно влијание врз социјалните вештини на детето (како што се самоконтрола или тимска работа) – до мигот кога детето ќе достигне петто одделение од основно училиште. Всушност, депресијата на таткото има поголемо влијание врз развојот на социјалните вештини на детето отколку депресијата или анксиозноста на мајката.

Студијата покажала и дека стресното расположение на таткото, поврзано со родителството, лошо влијае врз умствено-јазичниот развој на децата на возраст од две до три години.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top