Совети

Помеѓу стравот и надежта – зошто жените остануваат во лош брак?

Секој избор во животот носи своја тежина. Понекогаш одлуките ги носиме од страв, а понекогаш водени од емоции. Одлуката дали да се спаси или да се напушти бракот е меѓу најтешките животни ситуации.

И покрај тоа што односот со партнерот може да биде емотивно исцрпувачки, исполнет со непочитување, па дури и со насилство, многу жени остануваат во таквата заедница. Зад таа одлука не стои слабост, туку комплексен сплет на причини.

Еве ги 8. главни причини зошто е тешко да се пресече и да се замине:

1. Финансиска зависност

Економскиот притисок е една од најчестите пречки. Без оглед дали станува збор за контрола на парите од страна на партнерот или за неможност жената сама да обезбеди стабилност, стравот од егзистенцијална неизвесност често ја блокира промената.

2. Грижа за децата и емотивни уцени

Ова е можеби најболната точка. Многу мајки веруваат дека разводот негативно ќе влијае врз децата, надевајќи се дека тие нема да ја забележат тензијата во домот. Дополнително, партнерите неретко користат сурови уцени – како заканата дека ќе им го одземат детето.

3. Страв од осаменост

Помислата на нов почеток и живот без партнер за многумина е застрашувачка. Овој страв често е поврзан со помала самодоверба. Клучот за надминување на оваа пречка е постепено зајакнување на сопствената вредност и градење убав однос со себеси.

4. Осуда од околината

Во многу средини на разводот сè уште се гледа како на личен неуспех. Притисокот од традицијата, очекувањата на поширокото семејство и мислењето на другите често ја принудуваат жената да го трпи она што ја прави несреќна.

5. Вечната надеж дека работите ќе се сменат

Природно е да веруваме во подобро утре. Но, понекогаш таа надеж се претвора долго чекање промена која никогаш не доаѓа. Во вакви ситуации важно е жената искрено да се запраша: Колку долго сум подготвена да чекам и по која цена?

6. Токсична емоционална врзаност

Интензивните циклуси на бурни кавги и емотивни помирувања создаваат еден вид психолошка зависност. Иако врската веќе одамна не носи мир и сигурност, тешко е да се прекине оваа затворена емотивна лулка.

7. Недостиг на поддршка

Доколку семејството и пријателите го минимизираат проблемот или не ја поддржуваат одлуката за развод, жената се чувствува осамена и немоќна. Затоа, поддршката од блиските или разговорот со стручно лице (психолог) се од пресудно значење.

8. Навика и комфор-зона

По долги години заеднички живот, тешко е да се смени рутината. Она што е познато – дури и кога е лошо – често изгледа побезбедно од патеката кон непознатата иднина.


Наместо осуда со прашањето „Зошто трпи?“, на секоја жена во ваква ситуација ѝ се потребни емпатија и разбирање. Децата не се среќни во токсична средина; тие растат здраво тогаш кога имаат емоционално стабилни и задоволни родители.

Најважната порака што треба да стигне до секоја жена која се соочува со оваа дилема е дека има излез, дека не е сама и дека нејзината вредност не зависи од успехот на еден брак, туку од нејзиниот сопствен мир и среќа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top