Игротека

Логиката на малите деца: „Моите уши се мали и затоа не те слушам“

Пристапот на децата кон работите често знае да нѐ насмее и да ни ги стопли срцата. Таков е примерот со девојчето што ќе го погледнете во следното видео. Таа ѝ објаснува на мајка си зошто не ја слуша кога ќе ѝ забрани нешто или ќе ѝ рече „не“ за одредена активност.

Таа вели дека нејзините уши се многу мали, па затоа не може да ја слушне кога мајка ѝ ѝ дава некоја задача или ѝ вели „не“.

„Ги гледаш моите уши? Гледаш колку се малечки? Значи јас не можам да те слушнам“, вели девојчето.

„Значи кога ти велам НЕ или да престанеш со нешто, ти не ме слушаш?“, се надоврзува мајката.

Девојчето одговара потврдно, на што мајката повторно прашува: „Но, можеш да ме слушнеш кога велам дека имам сладолед?“

„Да, тогаш те слушам“, вели малата Бруклин.

„Ушите ти се мали кога велам НЕ, а се со совршена голема кога велам ДА? Тоа е интересно“, вели мајката.

На тоа малечката Бруклин заклучува: „Кога велиш НЕ, моите уши се малечки, но кога велиш ДА, тогаш моите уши стануваат големи“, на што и двете слатко се смеат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top