Можеби звучи едноставно да изберете да одите во супермаркет кога вашето дете не е уморно, да комуницирате и да ги препознаете неговите чувства и да го пофалите позитивното однесување.

Овој вид родителство сега, повеќе од кога било, е почесто од старите форми на казнување. Мнозинството родители им овозможуваат на децата време, им даваат пофалби, ги признаваат нивните чувства и комуницираат и расудуваат наместо едноставно да кажат не.

Најчестата форма на дисциплина што ја користеле родителите е предвидување на потребите на детето

Истражување објавено во „Сандеј“, спроведено од „Спаси ги децата“, открило дека родителите од различни возрасни групи, пол, ниво на образование и етничка припадност се насочуваат кон позитивни форми на дисциплина.

Директорката на „Спаси ги децата“, Жаки Саути, вели дека мнозинството родители што биле испитани користеле позитивни методи на родителство. Најчестата форма на дисциплина што ја користеле родителите во истражувањето е предвидување на потребите на нивното дете (на пример, да не ги носат во супермаркет кога се уморни), да му дадат време на детето, да го пофалат неговото позитивното однесување, да ги признаат неговите чувства и да комуницираат со него.

Исто така, истражувањето разгледувало од каде добивале совети родителите – мнозинството се потпирале на своите пријатели, партнери, семејството и наставниците во раното детство.

– Ако сте опкружени со пријатели и семејство кои се добро упатени во развојот на детето и позитивните практики на родителство, тоа е дискутирано и моделирано според вас, тогаш тоа е неверојатно позитивно. Но, не секој е во таква ситуација. Ако вашиот семеен круг или вашиот пријателски круг нема многу познавање за развојот на детето, не дава поддршка или не е информиран за позитивните практики на родителство, има поголема веројатност да користи негативно, физичко казнување, па тоа продолжува со циклус на лош третман на децата – вели Жаки.

Таа додава дека е важно да не се потценува важноста на професионалната поддршка што може да им помогне на родителите.

– Некои родители зборуваа за тоа дека сакаа да ги променат работите што ги доживувале како деца, сакале да ги променат на подобро. Други зборуваа за тоа како научиле со текот на времето со своите деца – вели таа.

– Постојат многу истражувања што покажуваат дека е штетно да се удираат децата, да им се вика, да се понижуваат, но нема многу истражувања што покажуваат што да прават родителите наместо овие работи – вели таа. Родителите треба да имаат места каде што ќе добиваат вредни, валидни информации.

Родителите да им веруваат на своите инстинкти

Родителите ги користеле социјалните мрежи за да добијат информации за родителството, но Саути вели дека е важно да се користи критичкото размислување кога родителите ги посетуваат овие веб-страници.

– Има родители што се разочарани од „Фејсбук“, открија дека има лажни информации, како и дека постојат скриени маркетинг-агенди за да се поттикнат да купат нешто или да им се наметне одредена идеологија – вели Саути.

Нејзиниот совет за родителите е да им веруваат на своите инстинкти. Добрата комуникација, разбирањето на развојот и потребите на детето и предвидувањето на тие потреби се клучни.

Извор



912

X