Јелена Ѓиновска, дефектолог

Јелена Ѓиновска, дефектолог

jelena.gjinoska@hotmail.com

Повеќе од авторот

Домовите ни се безбедни доколку ги почитуваме правилата. Во нив имаме толку многу катчиња што чекале да оживат додека сме биле во константна трка со времето. Лицата со Даунов синдром обожаваат кога добиваат внимание. Затоа, еве неколку предлози како едукативно да го поминете времето

Даунов синдром е честа хромозомска аномалија што предизвикува повеќе конгенитални малформации и ментална дисфункција кај луѓето. Хормозомските абнормалности се вообичаени во човековата репродукција. Дисфункцијата на мејозата е главниот механизам кој е одговорен за мнозинството анеуплоди кај ембрионот што резултира со Даунов синдром, кој може да е изразен со лесна или тешка ментална дисфункција. И покрај видливите нарушувања, лицата со Даунов синдром се и мораат да бидат во константна интеракција со секојдневието. Тоа, од друга страна, носи многубројни потенцијални ризици ако се има предвид дека станува збор за лица кои покрај менталните, може да имаат и физички предизвици, што главно се манифестира кај речиси секој поединец, наизменично.

Покрај овие проблеми, лицата со Даунов синдром често страдаат од нарушување на видот и во многу случаи се среќаваат со катаракта и кератоконус, кои го нарушуваат видот на лицето. Следен од фактор-ризиците е проблемот со слухот, ако се има предвид дека мноштво од лицата со Даунов синдром имаат мали ушни канали кои со себе носат многубројни аномалии. Нарушувањето во тироидната жлезда е доста честа состојба. Дисфункцијата на тироидната жлезда води кон изразено чувство на замор, ментална слабост и многу ризици кои дополнително ја усложнуваат состојбата на веќе компромитираните субјекти. Апнејата, остеоартритисот, остеопорозата, системот за варење на храна, срцевата слабост, дијабетесот се само дел од фактор-ризиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром.

Соочени сме со светска пандемија предизвикана од коронавирусот и Ковид-19 кои се голем ризик за многу хронични состојби, главно кај лицата со имунодефициенција, срцеви заболувања, дијабетес. Околу 40-50% од лицата со Даунов синдром се со вродени срцеви аномалии (атриовентрикуларен септален дефект), од кои најчести се вентрикуларен септален дефект, отворен диктус артериосус и тетралогија фалот. Постои зголемен ризик за дијабетес мелитус . Доста чести се инфекции на респираторниот тракт, поради клинички имунолошки дефицит. Сите овие фактори ги ставаат лицата со Даунов синдром на врвот од листата со ризични потенцијални носители на вирусот, а истото пак не ни дава за право да ги потиснеме во општеството и да ги ставиме во дополнителна опасност од ментални нарушувања како резултат на депресија.

Затоа, домовите ни се безбедни доколку ги почитуваме правилата. Во нив имаме толку многу катчиња што чекале да оживат додека сме биле во константна трка со времето. Лицата со Даунов синдром обожаваат кога добиваат внимание. Затоа, еве неколку предлози како едукативно да го поминете времето со лицата со Даунов синдром во време на изолација:

– Читајте им, побарајте да ви читаат, побарајте по читањето да ви посочат кои се убавите зборови, а кој биле помалку убави;
– Дајте им да пишуваат, цртаат по ваш модел, препишуваат;
– Поставете хартија на ѕидот и оставете да бидат деца додека шараат по него и внесуваат светлина во вашиот дом;
– Поставете слики за утрински рутини, вечерни и хигиена во кујната, нека биде забавно и едукативно;
– Играјте игри во кои може да внесете хигиенски навики;
– Зборувајте со нив и објаснете им ја ситуацијата со цртежи, интересни видеа, ги има по интернет;
– Дајте им одреден предмет кој одамна сте мислеле дали да го фрлите, нека го обојат, ќе внесат свежина;
– Направете сензорна кутија со повеќе предмети што можат да ги допираат.

И не заборавајте го најважното – чувајте се вие, тие без вас се кршливи и беспомошни.



912

X