Лионел Меси е име кое ќе го знае речиси секое дете и возрасен во светот. Меси ретко зборува за своите деца, но во едно неодамнешно интервју зборувал малку и за својата татковска страна.
Доволно е да се каже „Меси“ и сите знаат кој е тој. Лионел Меси е еден од најпознатите и најголеми фудбалери во светот. Буквално сите знаат за него, за неговата кариера, неговата игра и слично. Сепак, тој не зборува често за својот приватен живот. Сепак, овој фудбалер неодамна разговарал со водителот Зејн Лоу за неговиот семеен живот.
Меси има три сина – Матео, Тиаго и Сиро со сопругата Антонела Рокуцо и заедно живеат „многу нормален живот“.
-Очигледно, кога влегувам во мојата куќа, со моето семејство, се трудам да бидам нормален татко, нормален сопруг, како и секој друг, преземајќи ги обврските што сите ги имаме, како татко, како сопруг и да бидам нормален човек. Тогаш не сум сè што сум надвор – познат и славен. Внатре во мојата куќа, јас сум многу нормална личност – рекол тој.

-Ги дисциплинирам моите деца, поставувам граници, играм и споделувам сè со нив, со сопругата и живеам многу нормален живот – додал Меси.
Семејството му е приоритет и тој секогаш го нагласувал тоа, па неретко најмалите ги славеле неговите достигнувања со него на теренот. Неговите синови често го поддржуваат, како во ова видео:
-Го сакам фудбалот и живеам за него, но семејството е пред сè – изјавил Меси.
912