Игротека

Летно дружење со „Светот на Биби“ – Биби доаѓа во Kавадарци!

Овој петок Биби доаѓа во Кавадарци. На настанот утре, 16 јули, во 19 часот, децата и нивните најблиски ќе можат да се забавуваат со „Светот на Биби“. Настанот ќе се одржи на градскиот плоштад. Децата и нивните родители, роднини и пријатели ќе играат на хитовите од првата македонска анимирана серија за деца и ќе имаат можност во живо да ја запознаат хероината Биби.

– Првиот настан во Битола минатиот петок помина волшебно. Со нетрпение го очекуваме дружењето во Кавадарци оваа недела. По долгото седење дома и виртуелните дружби, сите се радуваме на можноста заедно да се забавуваме под отворено небо – велат од „Светот на Биби“.

Оттаму ветуваат убава дружба и енергија и ги покануваат сите обожаватели на „Светот на Биби“ да дојдат на барем еден од летните настани што следуваат.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top