Биби доаѓа во Скопје! Продукцијата „Светот на Биби“ организира голем детски настан утре (24 јули), во Градскиот парк, на Школка, во 19:30 часот. На настанот, децата и оние што се чувствуваат како деца ќе имаат можност да се дружат со главниот лик од „Светот на Биби“. Заедно со неа ќе ги запеат најголемите музички хитови од серијалот. Покрај дружењето со малата хероина, ќе се играат игри, ќе се доделуваат награди, присутните ќе вежбаат со Биби и Боби, а ќе имаат можност и премиерно да го погледнат најновиот цртан од серијалот „Кој прашува, не промашува“.

– Дружењето во јули го завршуваме викендов во Скопје со навистина интересен настан. Децата ќе се дружат со омилените ликови и ќе уживаат во едночасовна забава, а во текот на целиот ден ќе можат да се погледнат и производите од „Светот на Биби“ кои ќе бидат изложени пред Школка во Градскиот парк. Дружбата со децата конечно можеме да ја пренесеме од виртуелниот свет во реалниот и навистина се радуваме на тоа. Секако, нема да застанеме тука. Биби ќе допатува во уште неколку градови во текот на август – велат од „Светот на Биби“.

Оттаму додаваат дека настаните се прекрасни и се надеваат дека ова е само почеток на долга традиција на дружби со децата.



912

X