Игротека

8 работи што секое дете треба да ги направи пред крајот на летниот распуст

Иако најдолг, летниот распуст секогаш брзо поминува. За децата максимално да го искористат ова време, пред да започне новата учебна година, корисно е да се направат неколку планови. Ова не се нови обврски, туку искуства и доживувања кои секое дете треба да ги искуси пред да се врати во школските клупи.

1. Да помине цел ден надвор

Летото е идеална шанса за децата да се одвојат од екраните и да се вратат на игрите на отворено. Трчањето, возењето велосипед, истражувањето на природата и дружењето со врсниците придонесуваат за подобро здравје, самостојност и развој на имагинацијата.

2. Да прочита една книга по свој избор

Не е важно дали станува збор за роман, стрип или енциклопедија – важно е детето да чита нешто што навистина го интересира. На тој начин се развива љубовта кон книгата како задоволство, а не како училишна обврска.

3. Да научи некоја нова вештина

Тоа може да биде возење ролери, правење палачинки, врзување патики, пливање или едноставно наводнување на цвеќињата. Секоја нова вештина ја гради самодовербата на детето.

4. Малку да му биде здодевно

Колку и да звучи чудно, досадата е корисна. Кога немаат однапред испланирана забава, децата се принудени да најдат креативни начини за игра, истражување и творење.

5. Да помине време со баба и дедо

Спомените што настануваат за време на заедничките прошетки, разговори или готвење на омилените јадења остануваат за цел живот. Летото е вистинско време за зајакнување на овие семејни врски.

6. Да направи спомен кој ќе го чува

Тоа може да биде фотоалбум, цртеж, дневник од распустот, кутија со школки или други ситници. Важно е детето да зачува нешто што еден ден ќе го потсетува на безгрижните летни денови.

7. Да направи добро дело

Малите гестови на внимание ги учат децата на емпатија и одговорност. Помошта на помалиот брат или сестра, на соседот, бабата или на пријател се драгоцени лекции.

8. Да си посака нешто за следната училишна година

Пред крајот на распустот, корисно е да разговарате со детето за неговите очекувања, желби и цели во новата учебна година. Доволно е да размисли што би сакало да научи, да постигне или со што би сакало да се занимава.


Кога распустот ќе заврши, децата не се сеќаваат на времето поминато пред екраните или на решените работни тетратки. Она што останува во нивните сеќавања се авантурите, смеата, новите искуства и луѓето со кои ги споделиле. Искористете ги летните денови за да создадете спомени што ќе траат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top