Воспитување

Летен камп во НОВА – забавни активности кои поттикнуваат развој на моторни, интелектуални и комуникативни вештини

Од 15 до 30 јуни, во Меѓународното училиште НОВА ќе се одвива Летен камп наменет за деца на возраст од 4 до 13 години. Секоја од активностите е специјално дизајнирана да одговара на моторните, интелектуалните и комуникативните потреби на учесниците, кои опфаќаат „Лов на скриено богатство“, мини-олимпијада, пливање и активности во вода, стрелаштво и мечување, спортско качување, карате, посета на аквапарк, различни спортски и уметнички активности, спортска ориентација, и многу други!

Програмата е поделена на три засебни сегменти, осигурувајќи дека искуството на секој кампер е единствено и незаборавно. Активностите од програмата се спроведуваат секој работен ден, од понеделник до петок, од 9 ч. наутро до 15 ч. Ручекот и ужината, за кои се посветува внимание да бидат здрави и да содржат хранливи состојки, се вклучени во програмата.

Педагошкиот кадар на НОВА препорачува камперите да учествуваат во сите предвидени 12 дена, со цел искусување на сите можности и активности во програмата. Доколку сте заинтересирани за пократки периоди за учество во Летниот камп, училиштето дозволува и запишување во времетраење од една или две недели.

– Како инструкторка, дел сум од Летниот камп веќе 10 години и морам да признам дека станува збор за навистина добро осмислен концепт, и од педагошка гледна точка, затоа што децата учат нови работи преку игра и ги вежбаат нивните комуникациски способности, но и од аспект на физичкиот развој и здравите животни навики. Различните активности им овозможуваат да стекнат различни искуства, децата стекнуваат нови пријателства и се дружат со деца од различни националности. Тоа им ја зголемува самодовербата и ги прави поподготвени да се справат со секакви предизвици. Доколку сте во Скопје во тој период, топло препорачувам да им го овозможите ова искуство на вашите деца – вели Ана Велкова, координаторка за настани и инструкторка во Летниот камп.

Повеќе детали за Летниот камп на Меѓународното училиште НОВА можете да најдете на нивната веб-страница – https://shorturl.at/npqH7

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

To top