Доколку сакате весели празнични украси и сакате да ги изненадите гостите, погледнете ги овие идеи. Во продолжение се дадени неколку примери кои не се ниту претешки ниту прескапи, за да може секој да ги направи. Совршени се и како семеен проект во кој децата ќе уживаат.

Велигденски венец од пластични јајца

Ако имате мали деца, голема е веројатноста дека веќе имате пластични јајца во куќата, па можете да ги искористите. Ако немате, тогаш купете неколку кеси, како и обрач, кој може да биде од метал, стиропор или дрво, или бамбус или што и да најдете. Ќе ви треба и лепило. Залепете ги јајцата, не мора да следите строг редослед. Украсувањето збогатете го со украсни панделки, пердуви и слично.

Велигденски венец од вештачко цвеќе и јајца

Како основа за овој проект, најдобро е да пронајдете дрвен обрач и да го декорирате. Залепете делови од вештачко цвеќе со силикон и распоредете ги по ваша желба, пуштете ја вашата фантазија. Потоа можете да додадете лушпи од јајца – можете да користите природни, а можете да набавите и вештачки. Ќе добиете една романтична и убава пролетна варијанта на декорација на вратата. Детална изработка имате на видеото.

Велигденски венец од јута

Постапката е иста како и во претходните два примера. Само сега залепете ги парчињата од јута или стара вреќа што ги имате. Исечете ги лентите и свиткајте ги да изгледаат како неправилни цветови, а потоа залепете ги со силикон. На крај додајте панделка или украсни јајца од пластика или стиропор.

Декоративни зајачиња

За ова ви треба поцврст картон. Преземете го шаблонот од интернет (или направете ваш) и нацртајте го на картон. Користете картон во боја, колаж или најобичен картон, покријте го со ткаенина или слично. Нацртајте ги устата и очите и украсете го зајачето со голема панделка од сатен или друг материјал.

Велигденски венец од волна

Земете обрач со поголема ширина и покријте го со волна, во една или повеќе бои. Крајот на волната убаво залепете го со силикон или супер лепило, а венецот украсете го со цветови, украсни јајца, панделки итн.

Извор



912

X