Децата треба да јадат многу свежо овошје и свеж зеленчук и, се разбира, да го џвакаат и да го почувствуваат вкусот. Меѓутоа, понекогаш, кога немате многу време да подготвите нутритивно избалансиран, здрав појадок, одличен избор може да биде смутито.
Добрата страна на смутито е што меѓу вкусовите што децата ги сакаат, како банана или ванила, можете да вметнете и некои намирници што децата не би ги јаделе – како што се спанаќ, цвекло или некои житарици.

Какао-банана смути

За какао-банана смути ви се потребни: 200 мл млеко (по избор: кравјо, бадемово, кокосово….), 1 банана, 2 лажици овесни снегулки, 1 лажица какао. За да добиете смути, потребно е да изблендирате само две состојки.
Една поголема чаша содржи: 7,4 г масти, 44,6 г јаглехидрати, 24,9 г шеќер, 98,4 микрограми од витаминот А, 245 мг калциум, 0,4 микрограми од витаминот Д, 90,2 мг натриум, 4,6 г влакна, 9,4 г протеин, 10,3 мг од витаминот Ц и 1 мг железо.

Цвекло и шумско овошје

За смути од цвекло и шумско овошје, потребно е: едно помало или половина варено цвекло (може и свежо ако детето е постаро и ако имате посилен блендер), една третина чаша јогурт, една третина чаша млеко, една банана (смутито ќе биде поубаво доколку бананата претходно е оладена), една чаша шумско овошје (микс: боровница, малина, капина, јагода….) и една рака свеж спанаќ.
Подготовката исто така е едноставна, сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат.

Цвеклото е богато со минерали, јаглехидрати, масти и протеини. Исто така, богато е со витамин В12, а во себе има и мала количина кобалт и изобилува со витамините А, Ц и Б, како и железо, бакар, магнезиум и калиум.

Капината претставува супериорна намирница, првенствено поради содржината на антиоксиданти, витамини, минерали, влакна. Капината содржи и салицилна киселина (активна состојка на аспиринот), која нормално се користи за ублажување на болката, ја намалува температурата.

Бојата на боровинката е резултат на високата концентрација на антиоксидантни пигменти (антоцијани). Боровинките се одличен извор на витаминот Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо. Освен тоа, боровинките содржат и висок процент на влакна, и на тој начин позитивно влијаат врз варењето и го намалуваат ризикот од цревни заболувања.
Шумската јагода е слична на питомата јагода, но има посилен антиоксидативен потенцијал. Таа содржи танини, флавони, органски киселини, витамин Ц и минерали. Помага при настинки и воспаление на грлото, а го зајакнува и непцето.



912

X