Водичот за безбедно возење за време на бременост на една болничарка стана вирален бидејќи е лекција за секоја жена. Видеото, објавено на инстаграм-профилот на болничарката Ники, мајка на две деца, покажува како треба да го носите безбедносниот појас откако вашиот стомак ќе почне да се познава.

– Како да го носите појасот додека сте бремена, веројатно е една од последните работи на кои размислувате, но мора да знаете за тоа – пишува Ники под видеото.

Ники вели дека долниот дел од појасот треба да биде на бедрата, под стомакот, никогаш преку или над него. Останатиот дел треба да се намести преку клучната коска, меѓу градите. Неправилно поставениот безбедносен појас може двојно да го зголеми ризикот за нероденото бебе, дури и ако возите само 40 километри на час.

Ники напоменува дека воланот треба да биде минимално 25 сантиметри оддалечен од трудничкиот стомак доколку вози трудицната. Така воздушното перниче, во случај на несреќа, ќе оди кон градите, а не кон стомакот.

Извор



912

X