Некои од најважните животни лекции не се учат во училиштата, туку дома. Подолу ви пренесуваме некои од најважните лекции за децата кои им помагаат да прераснат во добри и среќни луѓе.
Љубов кон себе
Можеби не е очигледно, но за да може детето да порасне во личност која ги сака и прифаќа другите, прво мора да научи да се сака и прифаќа себеси. Помогнете му на вашето малечко да најде нешто што навистина му се допаѓа кај себе.
Љубезност
Важно е детето да се однесува љубезно кон другите, без разлика дали му се допаѓа тоа што го зборува другиот или не.
Да биде фер
Ако детето види дека кон него и кон другите членови на семејството се однесувате праведно, дека сите се еднакви, тоа ќе го присвои и во однесувањето кон своите пријатели во паркот и на училиште и ќе го пренесе во животот на возрасните.
Приспособување на околностите
Животот е непредвидлив, па затоа е многу важно малото дете да научи да се приспособува на различни околности и да се справува кога работите не одат според планот.
Одговорност
Личниот пример е најдобриот начин да му покажете на детето дека е важно да биде одговорно. Секој член на семејството треба да има одредени обврски, а ако детето научи дека има обврски исто како и возрасните, тоа ќе му биде лекција што ќе ја памети и кога ќе порасне.
Искреност
Сите во семејството треба да бидат искрени. Родителите не треба да ги дозволат „белите лаги“, по кои понекогаш прибегнуваат и самите.
Почит
Почитта во семејството треба да биде заемна – родителите треба да се однесуваат со почит кон своите наследници, а децата со почит кон мајката и таткото. Таквото однесување потоа се пренесува на други, надвор од семејството.

Почитување на личните граници
Секој член на семејството треба да ги почитува личните граници на другите, без разлика на возраста или статусот. Ако некој не сака да биде бакнуван или прегрнат од другите, тоа треба да се почитува.
Семејно време
Дури и кога ќе пораснат и повеќе не живеат со своите родители, децата треба да ги посетуваат родителите барем еднаш неделно за да уживаат во времето што го поминуваат заедно. Сепак, децата уште од мали нозе треба да се учат на ова – колку е важно семејството да остане заедно и дека тоа е најскапоценото нешто на светот.
912