Воспитување

Лекции на кои ги учеле децата, но не поминале според планираното

Воспитувањето деца не е лесна задача и речиси секој родител сака неговото дете да успее во животот. Затоа, одново и одново, тие се обидуваат да пренесат скапоцена мудрост за да се уверат дека ќе пораснат во добри човечки суштества. Сепак, дури и кога мајките и татковците имаат најдобри намери, нивните лекции понекогаш откриваат неочекувани резултати.

Ако тоа ви звучи познато, се надеваме дека ќе најдете утеха во сознанието дека дефинитивно не сте единствените. Еден редит-корисник одлучи да открие какви смешни несреќи имале родителите кога споделувале совети со своите деца. На прашањето „какви лекции се обидовте да ги научите вашите деца кои излегоа тотална спротивност?“, се појавија илјадници приказни од редит-корисниците.

Ова се најдобрите одговори:

– Им кажав на моите деца дека ќе добијат јаглен во божиќните чорапи на Божиќ. „Што е јаглен?“, прашаа моите деца. Им кажав дека е камен што можеш да го запалиш. Сега сакаат јаглен.

– Колешка се обидуваше да го научи своето дете на правилото: „Не зборувај со отворена уста“. Детето почна да ја плука храната кога сакаше да разговара.

Децата се апсолутни господари на злонамерното усогласување.

– Моите деца ме молеа за милениче. Со оглед на тоа што знаев дека јас ќе бидам таа што ќе се грижи за миленичето, им реков дека не им земам затоа што не си ја чистат собата без да ги потсетувам, па така ќе биде и за миленичето. Им реков дека ако во период од 6 месеци си ја чистат собата, може да земеме милениче. Така, мојата помлада ќерка ги премести алиштата во ходникот и си зеде вреќа за спиење за да спие во ходникот и да не ја валка собата.

– Кога имав 12 години, татко ми се сомневаше дека останувам до доцна за да играм видеоигра. Една вечер дојде во собата и ми рече дека не треба да играм игри кога треба да спијам, затоа што ми треба одмор. Тогаш сфатив дека можам да играм игри и да не спијам, па оттогаш страдам од несоница.

– Сестра ми се обидуваше да ги научи децата дека не треба да се обложуваш, да играш игри на среќа и да се коцкаш, па купи неколку ливчиња за лотарија за да им покаже дека со сите ќе изгуби. Но, доби 500 долари.

– Ги научив моите деца на демократија. Сега гласаме за сѐ, а ако не е по нивно, ме нарекуваат диктатор.

– Видов видео на кое мало дете ѝ го спасило животот на мајка си со тоа што се јавило во полиција кога колабирала. Не знам зошто мислев дека е добра идеја и јас да го научам моето дете како да се јави во полиција во случај на итност. За 5 минути, на врата ми се нацртаа двајца полицајци.

– Мојата сопруга се обиде да ѝ го објасни концептот на смрт и рај на нашата 5-годишна ќерка. Но, таа воопшто не поверува велејќи ѝ: „Измислуваш, мамо, не можеш да бидеш во рајот и на гробишта истовремено“.

– Ја учев мојата 4-годишна ќерка дека не смее да каже дека храната е грозна ако не ја проба. Очигледно, и јас не смеам да го критикувам нејзиното јадење мрсули додека не ги пробам.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top