Во студените зимски денови, кога постои реална закана од настинки и грип, неопходно е да се внесуваат витамини и хранливи материи преку исхраната.

Кога станува збор за витамини, идеален избор е кивито бидејќи содржи витамини од групата Б, витамини А и Ц, белковини и железо. Кивито е одлично овошје за идните мајки затоа што витамините од групата Б помагаат за правилен развој на фетусот.

Исто така, кивито е значителен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок, а богато е и со фолна киселина, која потпомага при синтезата на протеини.
Кивито го снижува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ја зголемува одбранбената способност на организмот и ја потпомага елиминацијата на токсини од организмот.

Без стрес и главоболка

Благодарение на висококвалитетните состојки, ефикасно е во борбата против респираторни инфекции, а освен тоа, го зајакнува имунитетот, штити од настинки, го регулира крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочни удари, тумори, а помага и против главоболки и стрес.

Со редовно консумирање свежо киви се намалува вредноста на триглицеридите во крвта за 15%, а ова благотворно овошје помага и при заздравувањето на раните, го одржува здравјето на коските, забите и непцата, како и апсорпцијата на железо, а позитивно влијае и врз системот за варење бидејќи ја одржува рамнотежата меѓу корисните и штетните бактерии во цревата.

За мазна кожа

Поради богатата содржина на витамин Ц и овошни киселини, кивито е честа состојка на производите за нега на лице и на тело.
Ја штити кожата од исушување и ја прави кадифена и нежна, го регулира лачењето на маснотии, ги стеснува проширените пори и го забавува стареењето.



912

X