Мајка инфлуенсер станала вирална на социјалната мрежа „Тик-ток“ откако раскажала нејзиниот лекар ѝ рекол да „биде тивка“ додека се породувала.
Јасмин Свицер, мајка на три деца, открила дека нејзиното породилно искуство не започнало најдобро бидејќи прво морала да чека скоро еден час за да добие вода, и покрај тоа што им кажала на медицинските сестри дека е навистина жедна и е изложена на ризик од дехидрација.
„Не ми кажаа што навистина прават. Само се сеќавам дека си помислив: дали медицинската сестра учи како да го прави ова на мене во моментов? Ја учеа да провери колку сум отворена.“ Продолжувајќи да зборува за инцидентот со нејзиниот лекар за време на породувањето, Јасмин им рекла на своите следбеници: „Бев дојдена до делот на активно туркање на породувањето… Докторот влезе веднаш откако ми пукна воденикот, точно пред да почнам да туркам. Притискам, и не ми се допаѓа да врескам со висок тон или да бидам навистина гласна, но некако гласот излегува заедно со тоа кога ја туркам ќерка ми надвор и едноставно, само го слушав и го следев моето тело“.
Таа продолжила: Во средината на една од моите контракции докторот ми рече: – Ќе треба да бидеш тивка за да можам да слушнам. Сеќавајќи се на нејзината реакција на шокантниот момент, Јасмин го опишала барањето на докторот како „толку грубо“ и продолжила да вели дека „во основа се ѝ станало црно на една минута откако тој го кажал тоа“, бидејќи целосно ги изгубила фокусот и ритамот со нејзиното породување.
@yasmynswitzer Reply to @hannahcaric0 I think I’m done having kids but if I were to have more I’d love to try a home birth with a midwife and doula that I choose and trust. #ScreamItOut #birthstory #pregnant #laboranddelivery #labortrauma #naturalbirth ♬ original sound – Yasmyn Switzer
„За среќа една од медицинските сестри ме врати во фокусот и ми рече: – Само задржете го здивот и туркајте“.
Многу корисници во делот за коментари го споделиле својот бес од она што ѝ се случило на Јасмин.
Автор: Џејд Бигс