Неодамна на „Фејсбук“ една мајка сподели што ѝ се случило додека го шетала нејзиниот син Руди, кој е аутистичен. На фејсбук-објавата Натали Фернандо раскажува дека шетала со нејзиниот петгодишен син кој добил излив на бес бидејќи го замолила да се вратат дома. Со оглед на тоа што Руди има аутизам, веднаш добил напад на бес и легнал на земја. Луѓето што поминувале го гледале, а Натали се извинувала бидејќи неговите изливи на бес понекогаш траат и подолго од еден час, а момчето знае да стане прилично агресивно.

Во тој момент поминувал Иан, кој го шетал своето двегодишно дете во количка. Тој одлучил да направи потег со кој би можел да го смири момчето.

– Овој човек е мојот херој. Го праша мојот син како се вика, а кога му објаснив дека не разбира бидејќи е аутистичен, тој едноставно легна покрај него на асфалтот. Руди за брзо време стана и почна да се движи накај дома – пишува мајката.

Човекот ги испратил до автомобилот, а Натали вели дека никогаш нема да ја заборави неговата добрина.

– Во свет каде што можете да бидете што било, бидете добри – порача таа.

Извор



912

X