Речиси сите деца измислуваат лаги од необјаснети причини. Студија тврди дека ова е апсолутно нормално и дури е и важен и здрав чекор во нивниот развој. Истражувањето открива зошто и како лажењето станува социјална вештина.

Студијата предводена од Канг Ли, професор по психологија на Универзитетот во Торонто, Канада, ги испитувала „вештините за лажење“ кај малите деца.

Според студијата, тенденцијата да се лаже почнува многу рано и се зголемува со текот на годините. Во студијата 30 отсто од 2-годишните деца почнувале да измислуваат лаги. Подоцна, на возраст од три години, половина од децата што биле дел од студијата лажеле, додека повеќе деца на возраст од четири години исто така лажеле – околу 80 отсто од нив. И оние на возраст помеѓу пет и седум години кажувале лаги.

Ли истакнал дека ова однесување е нормално и важно за развојот на децата. Тој спровел и студија во која биле вклучени две групи деца од претшколска возраст во Кина. На првата група деца им биле доделени теоретски вежби, додека другите изучувале вештини за решавање нумерички и просторни проблеми.

Во првата група децата биле подучувани да разбираат што се случува во главата на некој друг, да го спознаваат она што го знаат и она што не го знаат. Колку подобро е детето во изучувањето на теоријата на умот, толку повеќе се софистицирани неговите лаги. Последователно, детето ќе развие способности за извршување функции, што е основата за планирање однапред и спречување несакани дејствија.

Ли истакнал дека 30 отсто од децата што кажувале лаги имале поголема способност за извршување функции.

– Тоа е знак за когнитивна софистицираност – вели Ли и додава дека „младите лажговци“  може да го искористат тоа за да имаат поголем успех на училиште и за време на нивните интеракции при игра со другите деца.

Извор



912

X