Игротека

Купила велосипеди за седумте деца на соседите за Божиќ

Една сосетка го оживеала божиќното чудо за децата во соседството откако ги изненадила со нови велосипеди. Оваа година беше тешка за повеќето семејства во светот и во САД. Со пандемијата на Ковид-19 беа згаснати многу животи, а многумина останаа и без работното место. Семејствата се борат финансиски да издржат, а овие тешки времиња на виделина ги покажаа љубезноста и дарежливоста на добрите луѓе.

Се приближува Божиќ, а семејствата се загрижени дека нема да можат да им ги дадат посакуваните подароци на своите деца. Но, следнава приказна докажува дека чуда сè уште се случуваат кога има добри луѓе полни со љубов во светот. Чудото се случило во Лафајет, Луизијана, САД, а го создала Девин Бејлис.

Таа раскажува дека забележала оти нејзините соседи се мачат оваа година и сакала да направи нешто за да ги развесели за празниците и да го шири божиќниот дух. Забележала дека сите 7 деца од семејството во соседството делат еден ист велосипед, па помислила дека сите заслужуваат да имаат свој. Сакала да помогне, но знаела дека не може да го стори тоа самата. Се здружила со советник од Лафајет Еј Би Рубин, кој потоа склучил партнерство со полициската станица и сите заедно им обезбедиле велосипеди на децата. Изненадувањето ги занемело децата, но мајката Ешли нашла зборови за да го опише чувството.

Ешли рекла дека била под стрес поради празникот и дека ѝ помагала на семејна пријателка оваа година – таа била бездомник со деца. Истакнала и дека вакви работи ретко им се случуваат на луѓето како неа и нејзините деца. Додала дека нејзините деца заслужуваат сè бидејќи никогаш ништо не побарале. Децата годинава покажуваат колку се љубезни и силни во целата оваа ситуација, но секогаш е полесно кога има добри луѓе што прават добри дела околу нас.

Автор: Ешли Вирли

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top