Џоел Вегенер (61) и неговата сопруга Фрида (60) од Охајо имаат десет деца. Мери (21) и Џош (18) имаат Даунов синдром и продаваат сладолед од камионот што им го купил нивниот татко. Џоел, учител во пензија, сакал да им најде работа, па купил стар камион за сладолед за 6.600 долари. На камионот, кој е набавен преку интернет, му биле потребни неколку поправки, но набрзо тргнал на пат.

Камионот го добил името „Special Neat Treats“, а Мери и Џош се главни вработени. Луѓе од цело Охајо доаѓаат по нивниот сладолед.

– Нашиот татко е најдобар татко и сакаме да продаваме сладолед со него. Летото ни е многу забавно и се надеваме дека во иднина ќе имаме среќа со продажбата на сладоледот.

– Кога го купивме камионот за сладолед, не очекував дека работата толку ќе тргне. Публицитетот што го добивме е неверојатен и се надеваме дека можеме да инспирираме и други семејства со деца со посебни потреби да пронајдат начини за да им дадат поддршка – рекол Џоел.

Откако се родила Мери, лекарите ги советувале да немаат повеќе деца бидејќи постоел зголемен ризик уште едно дете да се роди со Даунов синдром. Сепак, тие сакала да има уште 3 деца.

– Веруваме дека е волја на Бога да имаме толку големо семејство и секојпат чувствував дека сум бремена со причина. Не се плашевме да имаме деца со посебни потреби, ниту од предизвиците што доаѓаат со тоа. Можеби изгледам постаро сега, но се чувствувам исто како што се чувствував во 20-тите години! – рекла Фрида.

Џоел и Фрида гледаат на камионот за сладолед како на благослов и сметаат дека таа работа многу им помогнала на Мери и Џош.

– Причината поради која камионот за сладолед е совршен е тоа што им дозволува на двајцата да си ги развиваат социјалните вештини во пријатна средина. Кога се на работа, вежбаат да се смеат, да бидат љубезни и да поставуваат прашања – работи со кои порано се мачеа – рекол Џоел.

Автор: Идејн О’Конел

Извор



912

X