Нема ништо пострашно од тоа кога во текот на бременоста ќе забележите капки крв на долната облека, особено во текот на првото тримесечје кога постои голем ризик од спонтан абортус. Во продолжение прочитајте кога крвавењето може да се појави во текот на бременоста и кога има причина за грижа.

Имплантациско крвавење

Кај голем број жени, по оплодувањето, односно во текот на всадувањето на оплодените јајце-клетки во ѕидот на матката доаѓа до крвавење со различен интензитет кое го нарекуваме имплантациско крвавење – објаснува гинекологот Сенка Саболовиќ-Рудман и додава дека таквото крвавење може да се поклопи со терминот на менструацијата, па да предизвика дилеми и сомневања, односно да се јави лажна менструација. Нормално е да се искуси слабо крвавење во првите две недели од зачнувањето. Обично трае еден до неколку дена, а со имплантациско крвавење може да се јават и грчеви во долниот дел од стомакот. Сепак, ако се појави крвавење со силни и долготрајни грчеви, разговарајте со лекар во истиот момент бидејќи тоа би можело да се знаци на спонтан абортус. Ова се најчестите причини за спонтан абортус:

Крвавење по секс

Ако забележите лесно крвавење по сексот, опуштете се. Се случува често и е нормално. За твоето тело да направи место за бебето, тоа испраќа дополнителна крв во матката, па затоа не е страшно ако се забележи малку крв по сексуален однос во текот на бременоста.

Крвавење по ПАП-тест

Ако сте биле на гинеколошки преглед, може да забележите мало крвавење. Причината е еднаква како и по сексуален однос. Матката прима дополнителен проток на крв во текот на бременоста и  каква било „интервенција“ може да поттикне лесно крвавење.

Во текот на првото тримесечје

Слабото крвавење во текот на првото тримесечје обично не е причина за грижа. Околу 20 отсто од трудниците го доживуваат ова. Иако можете да се опуштите ако немате непријатни и постојани симптоми, како силни грчеви, обилно крвавење, висока температура, вртоглавици или сериозно повраќање, секогаш е подобро да се игра на сигурно и да се разговара со лекар ако забележите какви било промени.

Кога да се загрижите?

Крвавењето во текот на второто или третото тримесечје не е нормално и доколку го забележите, во истиот момент повикајте го вашиот лекар. Кој било степен на крвавење би можел да укаже на сериозни компликации, како плацента превија, одвојување на постелката или предвремено раѓање.

Што да направите?

– Ако забележите крвавење во текот на второто или третото тримесечје, веднаш побарајте го вашиот лекар.

– Ако имате висока температура, силни грчеви, обилно крвавење и/или вртоглавица – одете во брза помош бидејќи би можело да се работи за знаци за сериозни компликации или абортус.

– Носете хигиенски влошки за да процените колку крв сте изгубиле.

– Не носете тампон!

– Следете за кој вид крв се работи: дали е розова, кафеава или изразено црвена? На вашиот лекар многу ќе му значи таа информација.

Извор



912

X