Манекенката Криси Тајгер уште еднаш го крена „Инстаграм“ на нозе. Таа е горда мајка на двегодишната Луна и едногодишниот Мајлс и со нив поминува низ најинтересниот период од нивното растење. Сепак, ни во нејзиниот живот не е сè совршено, па ни нејзините деца не се поштедени од проблеми со кои се соочуваат многу бебиња.

Така, Криси на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира со синчето Мајлс каде што тој носи шлем за обликување на главата. Такви шлемови се употребуваат кога децата имаат синдром на залежена глава, а малечкиот Мајлс е едно од децата на кои им е потребно такво помагало.

 

– Моето бебе носи шлем за обликување на главчето. Ве молам, не сожалувајте го. Тој е среќно бебе – напиша манекенката покрај фотографијата.
Додека некои луѓе што се сретнале со истиот проблем ѝ дадоа поддршка на Криси, од друга страна, имаше и такви што ја обвинија дека го мачи детето. поради сопствената опсесија за совршенство.



912

X