Воспитување

Креативно-психолошки работилници за деца: „Повеќе од игра“ во АС- Анима советувалиште

„Детството е татко на човекот“

Детската игра каква што беше пред 20 години е незаменлива во развојот на детето, таквите игри правеа сè што е важно за децата, односно ги подготвуваа за живот.
Пред вас е можноста да ги поттикнете вашите деца во што поголема мера да го достигнат својот биолошки потенцијал. Најважен период за развојот на мозокот и интелектуалните способности е до 12-тата година, а особено првите неколку години од животот.

Човековиот мозок е составен од два дела кои се поврзани меѓу себе и не можат еден без друг, но едниот е секогаш подоминантен и тој ја одредува нашата склоност кон одредени области. Со посебно креирани картички оценуваме која хемисфера кај детето е поразвиена.
Оттргнете ги децата од модерните интернет-игри, вратете ги игрите со кои се поттикнува развојот на нивната интелигенција.
Психолошко-едукативната програма „Повеќе од игра“ поаѓа од тоа дека секое дете во себе има вроден потенцијал кој настојуваме да го препознаеме, а потоа да го развиеме.
Користиме сликички, картички, игри со кои го развиваме функционалното знаење, поттикнуваме експериментирање и смислување нови класификации. Задачите и активностите придонесуваат за развој на креативното мислење кај децата и го стимулираат развојот на интелигенцијата низ игра, бидејќи играта е внатрешната потреба на детето.

Низ креативни активности придонесуваме за:
-Ќе откриеме која страна на мозокот е поразвиена,
-Наизменично активирање на двете хемисфери на мозокот
-Подигнување на нивото на интелектуалните способности кај децата,
-Зголемување на концентрацијата и вниманието кај децата,
-Рано откривање на надареноста кај детето,
-Развивање на брзината на размислување, поврзување и заклучување.

На онлајн-работилниците детето се смее, игра, може да зборува, да предлага свои идеи, ги охрабруваме со меѓусебно слушање и почитување, поврзување и слободно изнесување на нови идеи.

Програмата се реализира во неколку фази:
1.Фаза – Процена на доминантноста на хемисферите.
2.Фаза – РАЗВОЈ НА СИНАПСИ – Вежби за моторика, графомоторика и акомодација на очите.
3.Фаза – РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА.
4.Фаза – СТИМУЛАЦИЈА НА РАЗВОЈ НА МИСЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ.
5.Фаза – АСОЦИЈАЦИЈА И АНАЛОГИЈА.
6.Фаза – ФУНКЦИОНАЛНО РАЗМИСЛУВАЊЕ.

Сите вежби се приспособени на возраста на детето и неговите можности.

Место на одржување: онлајн преку зум-платформата.
Динамика на работа: Еден ден во неделата по 60 мин.
Информативна средба со родителите на 27.01.2021 год. во 19 часот на „Зум“.
Повеќе информации и пријавување на информативната средба на 078/263 078 и на as.anima@hotmail.com

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top