Игротека

Креативна мајка прави интерактивни играчки од картон

Не е потребно да имате скапи играчки за вашите деца да бидат среќни. Токму ова го докажува Сиднеј Пирси, мајка на две деца, која живее во Лондон. Таа најде начин да ја балансира денешната потреба за одржливост и квалитетно време со децата со рециклирање и пренамена на картонските кутии во забавни и секојдневни предмети од домаќинството и претворање во интерактивни играчки.

Оваа креативна мајка почнала интересни проекти што ги создавала сама додека била во карантин со децата, во обид да ги забавува децата од соседството, кога и нејзините деца почнале да се интересираат за изработките. Таа почнала да изработува детални реплики на предмети што се наоѓаат дома, машина за миење садови, фотоапарат или лаптоп. Сите картонски кутии што инаку би завршиле в ѓубре станале одличен материјал за конструирање предмети со мали фиоки, прегради, лизгачки полици и ротирачки копчиња.

– Отсекогаш уживав во создавањето работи. Идејата за правење играчки од картон потекнува од желбата да ја научам ќерка ми како безбедно да ги користи апаратите во нашиот дом. Децата често мислат дека најобичните работи се интересни и тие сакаат да си играат со машината за перење и тостерот, а тоа не е секогаш безбедно. Идеите често доаѓаат од она што ја привлекува низ домот. На пример, откако беше опседната со рекордерот на мојот сопруг, одлучив да ѝ направам рекордер од картонска кутија – вели Сиднеј.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top