Да бидеме искрени, болниците се досадни. Врзаноста за креветот, машините и инфузиите, како и тоа што човек мора да лежи во кревет цел ден, е ужасно искуство. И додека возрасните можат да најдат начин како да се забавуваат со книги или телевизија, потешко е за малите деца кои мора да седат во исто место по цели денови. Како болеста да не е доволна, па средината во која престојуваат ги прави работите уште полоши.

Дали можете да замислете како му е на едно дете кое се бори да сфати што се случува, далеку од дома и кое не може да си игра со омилените играчки и не смее да го напушти креветот?

Фото: playtimeedventures.com | Instagram

Затоа, Кевин Гатлин од Шарлот, Северна Каролина, одлучил да помогне. Откако го посетил детето на неговиот пријател во болница, Гатлин сфатил колку е тешко да се биде во кревет по цел ден. Тогаш добил брилијантна идеја – постелнини со друштвени игри.

– Поради просторот, мојата сопруга го користеше креветот на син ми како биро. Но, кога го посетив синот на мојот пријател во болница, сфатив дека овие деца немаат доволна стимулација – вели Гатлин.

Фото: playtimeedventures.com | Instagram

По внимателното анализирање, планирање и консултација со наставници и семејни доктори, неговата идеја се претвори во компанија наречена „Плејтам едвенчурс“.

– Со помош на страсните наставници и родители, ги создадовме постелнините за друштвени игри. Тие им обезбедуваат на децата место каде што можат да играат, учат, спијат и да се лекуваат. Со повеќе од 50 интерактивни игри, тие овозможуваат совршена дневна/ноќна алтернатива за прекумерното гледање телевизија, електронски уреди и здодевност. И совршена структура за да се поттикнат децата да одат в кревет – вели тој.

Фото: playtimeedventures.com | Instagram

Му биле потребни 2 години за да ги дизајнира постелнините.

– Ми беше потребен цел тим за да ги создадам постелнините. На луѓето им кажувам дека јас само ја имав идејата. Мојата сопруга, мојата мајка и 5 наставници ми помогнаа да ги создадам – вели тој.

Фото: playtimeedventures.com | Instagram

– Како компанија, нашиот фокус секогаш ќе биде кон децата и заедниците. Веруваме дека нашите производи ги смируваат децата што се принудени да бидат во болница поради околности што се надвор од нивна контрола – пишува компанијата на својата веб-страница. Според страницата, луѓето помогнале да се достават околу 3.000 постелнини.

Фото: playtimeedventures.com | Instagram



912

X