Ако не можете да одлучите како да се вика вашиот нов член на семејството, во продолжение прочитајте неколку убави и кратки, а и необични имиња кои можеби ќе ви се допаднат.

Машки имиња:

Тео – доаѓа од грчкиот збор теодорос, а во превод значи – дар од Бога.

Олег – вообичаено име во Русија и Украина, од старогерманско потекло, што значи – здрав.

Матео – варијанта на името Матеј, има хебрејско потекло и е име на еден од 12-те апостоли.

Леон – име со грчко потекло, што во превод значи – лав.

Вид – име со латинско потекло и значи – живот.

Југ – интересно име од непознато потекло кое го носел српскиот војвода Југ Богдан.

Лав – често име во Русија, иако не е од руско потекло. Кованица од латинско и грчко потекло , претставува симбол на гордоста.

Имиња за девојчиња

Митра – персиско божество на светлината.

Ирис – во грчката митологија Ирис била гласник на боговите, а нејзиниот симбол е виножитото.

Зоја – ова име е варијанта на името Зое, што на старогрчки значи -живот.

Ника – име со грчко потекло. Ника е божица на победата.

Срна – вид животно земено како лично име. Срната е симбол на пристапност и нежност.

Зара – ова име може да се толкува како варијанта на името Сара, кое е од хебрејско потекло и значи владетелка.

Извор



912

X