Кратката шема за развој на вештините за фината моторика, која може да им обезбеди на родителите општи насоки и генерална слика за тоа дали нивното бебе се развива со очекуваното темпо, ја дава Александра Бокун, дефектолог-олигофренолог и основач на „АБЦ детски развој и Центар за учење“ во Србија.
Кратка шема за фината моторика
1-2 месеци: го следи предметот што се движи лево и десно.
3-4 месеци: со цела тупаница фаќа предмети, си игра со рацете, ги набљудува, става цуцла или глодалче во устата.
6 месеци: фаќа со целата дланка и со испружениот палец, постепено го приспособува стисокот според големината и обликот на предметот, ја фаќа играчката со двете раце, ја пренесува од една во друга рака.
8 месеци: чука и тресе предмети, удира предмети еден од друг, може да држи и два предмети, фрла сè на подот.
9 месеци: фаќа мали предмети со палецот и показалецот (дофат како со пинцета).
12 месеци: зграпчува мали предмети со спротивставување на палецот и показалецот (поставување на раката како за држење клешти), става копчиња во сад, имитира цртање со молив на хартија.

14 месеци: прецизно зграпчува и става мали предмети во шише, може да стави две коцки една врз друга.
19-22 месеци: ги врти страниците на книгата, фрла предмети без одреден правец, ужива во игри со фрлање и фаќање, како и во чкртање на хартија.