Просечниот коефициент на интелигенција е помеѓу 90 и 110, а Алберт Ајнштајн имал 160, Исак Њутн – 190, Тесла помеѓу 230 и 250, а Вилијам Џејмс Сајдис имал 260. Според тоа мерило, тој е досега најпаметниот човек. Но, не и според достигнувањата – далеку понапред се Тесла, Пупин, Да Винчи и други.

Вилијам е роден во 1898 година во Њујорк, во семејство на украински доселеници. Неговите родители исто така биле високо интелигентни луѓе, татко му бил психолог, дипломирал на „Харвард“ и бил полиглот. Вилијам на 18 месеци читал весници. Веќе во осмата година зборувал 8 јазици (латински, турски, грчки, француски, руски, германски, хебрејски и англиски). Кога пораснал зборувал повеќе од 25 јазици. Не само што ги учел другите јазици, туку и измислил јазик „вендергуд“. Имал 11 години кога се запишал на „Харвард“ и бил најмладата личност на која студирањето му тргнало од рака. Неколку месеци подоцна држел предавања по математика, а по некое време и ги лекторирал своите професори. Покрај тоа, бил во состојба да го наведе точниот ден на важните датуми во историјата, а знаел неверојатно голем број историски податоци.

Дипломирал на 16 години. Но, славата не била за него, па одлучил да живее повлечено и скромно. Тоа довело до судир помеѓу него и татко му. Вилијам дури не ни отишол на погребот на својот татко. Наместо тоа, протестирал против војната. Токму таа голема амбиција на татко му му создала отпор  кон големите амбиции. На крајот работел како дрвосечач и никогаш не се оженил.

Имал само 46 години кога починал од мозочен удар.

Извор

Извор



912

X