Марија Борало е супердадилката на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи. Таа има одредени строги правила кои мора да се почитуваат за децата да се однесуваат добро и да бидат постојано безбедни. Шпанската дадилка, која посетувала обуки на престижниот колеџ „Норланд“, научила како да ги чува дечињата кои се постојано во центарот на вниманието во јавноста, па така учела различни вештини, од возење до самоодбрана.

Дадилката научила како да се брани себеси и децата и како да остане самоуверена додека работи и со телохранители. Кога се работи за кралските дечиња, одредени правила треба да се следат. Луиз Херен, експерт од „Норланд“, открил дека принцовите Џорџ и Луи и принцезата Шарлот добиваат воспитување кое не вклучува „бесмислености“.

– Нема неред. Тоа е така затоа што Марија е свесна дека кога децата ќе излезат од авионот, држејќи ја мајка си за рака, смеејќи се и поздравувајќи се со толпата, тие не смеат да плачат или да се однесуваат лошо – вели Херен.

фото: Профимедиа

Таа открила дека без разлика на сè, правилото е да одат на спиење во 19 часот, а времето за игра се поминува на отворено, а не на технолошки уреди или гледајќи телевизија.

– Возење велосипед, играње со своите кучиња миленици, градинарство. Го застапувам ставот дека децата учат преку игра – додава Марија.

Настрана од сето тоа, кралските деца се постојано зафатени со нивните хобија. Така, принцот Џорџ и принцезата Шарлота развиле интерес за балетот.

Автор: Денис Куртин



912

X