Лубениците спаѓаат во зеленчук, но поради слаткиот вкус ги сместуваме во овошје. Иако во денешно време лубениците можете да ги најдете и во остатокот од годината, налето лубеницата е најслатка и со најдобар квалитет. Содржи голема количина на вода, околу 92 проценти и поради тоа нејзината внатрешност е крцкава, па е и идеална за гасење на жедта.

Ја поврзуваме со изразено црвена боја, но постојат видови чија внатрешност е портокалова, жолта или бела. Лубениците потекнуваат од Африка, а првото одгледување започнало во стар Египет. Во тој период претставувала вистинско богатство, особено поради недостигот на вода.

Кралица на витамините

Со секојдневната консумација на лубеница обезбедуваме изобилство на витамините А, Ц, Б1, Б6, како и на минералите калиум и магнезиум, за нашето тело. Поради ова, може да се каже дека лубеницата поседува висока хранлива вредност бидејќи не го оптоварува организмот со дополнителни калории, а истовремено го снабдува телото со многу важни хранливи материи.

Моќен ликопен

Растителниот пигмент ликопен, кој дава црвена боја, главно се врзува за доматот. Познато е дека е растворлив во мастите и затоа телото подобро го апсорбира кога се внесува во форма на сос од домати. Помалку е познато дека ликопенот се наоѓа и во лубеницата и во мангото. Има заштита улога во организмот како превенција од некои видови канцер, на пример, рак на простата, дојка, дебело црево и рак на белите дробови. Лубеницата и ликопенот нè бранат и од лошо варење, уринарни инфекции, акни и вишок килограми.

Како да изберете лубеница?

Најдобар начин е да погледнете во внатрешноста и да се уверите дека има изразено црвена боја. Но, често ја немаме таа можност, па тогаш внимавајте на следните работи. Би било добро тежината да го следи нејзиниот обем и да има релативно мазна кора. Еден дел од лубеницата би требало да има жолтеникава-крем боја. Тој дел е оној на кој лубеницата „лежела“ на земјата додека зреела. Ако ја нема оваа „дамка“, веројатно е собрана предвреме, што ќе се одрази врз вкусот и сочноста.

Бидејќи на пазарите може да стојат со денови, некогаш не е лесно да се избере добра лубеница. Најдобро е од продавачот да барате да исече дел пред вас, па ако од неа излегува сок, тогаш лубеницата треба да ја купите.

Неколку идеи за сервирање:

– Лубеница, диња и киви ставите во блендер. Добиеното овошно пире помешајте го со јогурт и украсете со листови свежо нане.
– Во азиските земји пржените семки од лубеницата се јадат како грицки, или измелени се додаваат во процесот на месење леб.
– Кората од лубеницата може да се искористи за правење слатко од лубеница.
– Замрзнати коцки од лубеница можат да послужат како декоративен детаљ при послужување дури и на обична чаша вода.

Автор: д-р Ријалда Остојиќ



912

X