Кожата на дечињата е потенка, почувствителнаа од кожата на возрасните и со помала можност за одбрана од зрачењето, опектините или топлотен удар. Затоа мора да се почитуваат одредени основни правила за играње на отворено или изложување на сонце
Сончевото време ни овозможува подолго време да имаме активности на отворено – играње, трчање и секако уживање на сонцето покрај море, езеро или на планина, и на нас и на нашите најмили. За дечињата нема поубави денови од летните, кога безгрижно можат да си играат надвор на сонцето. Сите сме свесни дека изложеноста на сончевите зраци е и повеќе од потребна , особено за синтеза на витамин Д, неопходен за правилен раст и развој на коските како и за содвавање на хормонот серотонин заслужен за добро расположение.
Значи, сонцето не прави посреќни и поздрави. Но колку и да сакаме да престојуваме на отворено мора да бидеме свесни за штетните последици на УВ зраците, особено за чувствителната детска кожа. Од оваа причина сите совесни родители бараат решение за тоа што да прават и како да овозможат забавта на отворено на дечињата да трае подолго.
Кожата на дечињата е потенка, почувствителнаа од кожата на возрасните и со помала можност за одбрана од зрачењето, опектините или топлотен удар. Затоа мора да се почитуваат одредени основни правила за играње на отворено или изложување на сонце.

*Без оглед на тоа дали сте на годишен одмор или станува збор за игра во парк, двор и сл. користете средства за заштита од сонце со висок заштитен фактор (50 +) специјално наменети за деца. Барајте производи кои покрај високо ниво на заштита задолжително ќе бидат без парфеми, без боја и без конзерванси. Побарајте заштитни средства кои нудат комплтна заштита за УВА + УВБ + ИР-А зрачење.
*Излегувајте на играње или на плажа со дечињата рано наутро или подоцна попладне. Задолжително избегнувајте го временскиот интервал од 11 часот до 16 часот кога сонцето е најсилно.
*Дечињата задолжително да носат заштитна облека, како заштитно шеширче, капа, очила за сонце, па и тенка блузичка на долги ракави.
*Доколку сте на одмор 30 минуту пред излегување на сонце намачкајте го детето со заштитниот крем или лосион за сонце, со што детската кожа ќе биде подготвена и правилно заштитена. Кога се аплицира средство за заштита од сонце многу е важно да се нанесе доволна количина на целото тело и убаво да се размачка. За почувствителните делови од телото, како лицето и ушите, користете специјални кремови за лице со заштитен фактор 50 + кои се со поинаква конзистенција, поблаги се и не доведуваат до иритација и солзење на очите и нема да доведат до појава на мозолчиња.
*Изложеноста на сонце треба да е постепена, секој ден да го зголемувате времето на сончање и играње.
*Многу е важно кога сте на одмор да го обновувате слојот на кремот или млекото за сонце на секои 2 – 3 часа, по бањање, пое бришење со пешкир.
*Давајте им на децата да пијат многу течности. Нека пијат вода, сокови, ладнии чаеви или јадат овошје што освежува за да не дехидрираат.
*После играта на сонце и туширањето, воведете навика кај детето да ја намачка кожата со млеко за после сончање кое правилно ќе ја хидрира, смири и негува од сончевите зраци. Кожата се негува не само кога ќе забележиме сончеви изгореници туку по секојдневното излагање на сонце.
Кога сте на плажа задолжително користете чадор за на плажа. Но и покрај тоа мора да го мачкате детето со заштитни производи бидејки дури 30 проценти од УВ зраците поминиуваат преку заштитниот чадор.
И на крај немојте да заборавите: Уживајте во сонцето и забавата заедно со вашите дечиња!
Автор: М-р Хадије Зенуни, фармацевт