Постојат различни игри и активности за развој на умот кои ќе го оддалечат вашето дете од екранот, ќе му помогнат да ги развие вештините за размислување, а истовремено ќе се забавува и ќе го стимулира мозокот. Детската игра е составен дел од развојот. Децата не си играат само за да се забавуваат. Од моментот кога се родени, тие постојано учат. Кога вашето дете ќе дојде до вас со некоја играчка, тоа тогаш учи. Само што дознало дека може да ја испружи раката за да ја допре играчката. Детето дознало дека со пружање на раката може да добие играчка.

Учењето и развојот постојано се случуваат, а ние треба да ги поттикнеме на тој пат. Развојните игри им помагаат на децата да стекнат различни вештини: аналитичко размислување, разбирање, свест за простор, концептуално учење, критичко размислување, креативност, решавање проблеми, јазично унапредување и уште многу други.

Развојни игри за деца:

Игра со коцки – најсоодветна за деца од 2 до 4 години

Користењето коцки е најосновна игра за детскиот мозок и постои добра причина зошто е тоа така. Изложете го детето на коцки со различни бои и големини, и тоа е тоа. Оставете го да ги истражува коцките и да ја ослободи фантазијата. Изложени се сите аспекти на развојот на вашето дете, вклучувајќи препознавање на облици/бои, креативност, свест за простор и многу други нешта. Можете да почнете со основни коцки во боја и форми за помалите деца, а потоа да го надградите користењето со лего-коцки или апстрактни коцки за постари деца. Направете едноставни обрасци за користење на коцките, па вашето дете нека се обиде да ги копира тие обрасци. Ова е едноставен начин да му помогнете на детето да ги уочи обрасците.

Игра со шпионирање – најсоодветна за деца од 5 до 12 години

Класичните игри како „Шпионирам со своето мало око“ се многу забавни игри за изострување на умот. Овие видови игри за развој на мозокот им помагаат на децата да следат упатства, да го зајакнуваат вниманието, да ги развиваат јазикот и нивната свест за просторот. Поентата е да се пронајде предмет кој ќе биде цел во пренатрупано опкружување, што помага во подобрувањето на когнитивниот систем на вашето дете. Еве примери за ваква игра: Детето нека ги пронајде следните предмети некаде во природата: цвеќе, 3 камења, вода, зелен лист, кафеав лист, трева, црвено цвеќе итн.

Сложувалки – најсоодветни за деца од 2 до 8 години

Сложувалките може да бидат забавни за целото семејство. Тие се одличен начин да ја развиете детската просторна перцепција, координација, решавање проблеми, когнитивни вештини и фината моторика – докажувајќи дека загатките се одлични игри за развој на мозокот. Постојат многу различни видови загатки: сложувалките се одлични за помладите деца, а постарите деца и возрасните може да се препуштат на судоку, крстозбори, логички загатки, па дури и Рубикови коцки. На која било возраст, загатките се сигурни игри за развој на умот.

Надминување препреки – најсоодветни за деца од 2 до 5 години

Патеки со препреки е лесно да се постават и ова е една од најдобрите игри за развивање на мозокот на децата. Можете да ги поставите во дневната соба. Направете едноставни курсеви со препреки користејќи домашни предмети, зголемете ја сложеноста со креативни препреки за постарите деца. Оваа игра помага во подобрување на моториката, визуелната перцепција, моторичкото планирање, координацијата, решавањето проблеми, критичкото мислење и јазичните вештини кај децата. Еве неколку предмети со кои може да направите патека со препреки на затворено: перници, столови, кутии, хартија, топки, хулахоп. Типична патека со препреки би го подразбирала следното: нешто по кое би оделе, нешто под кое би се провлекувале, би ползеле, би скокале, би фрлале, би решиле загатка – има безброј можности!

Игри со импровизација – најсоодветни за деца од 6 до 12 години

Ова се најзабавни игри за јакнење на умот. Предности има еден тон – помагаат во зголемувањето на самодовербата, усовршувањето на умствените способности, подобрувањето на учењето и набљудувањето, подобрувањето на донесувањето одлуки и спонтаноста. Најдобро од сè е што можете да ги играте каде било и кога било. Еве едноставна импровизирана игра која може да се игра со цело семејство:

„Приказна од еден збор“

Секоја личност во собата помага во пренесувањето на приказната, но само еден по еден збор. Смислете необичен наслов или тема на приказната и оставете забавата да почне. Поедноставете ја играта користејќи по една реченица наместо по еден збор.

Фонична забава (замислен патник) – најсоодветна за деца од 6 до 12 години

Оваа игра е едноставна, но забавна – добра е за вежбање на умот и може да се игра во автомобилот, во супермаркет или кога на децата им е здодевно. Оваа активност им помага на децата брзо да мислат, да развиваат комуникација, да ги подобруваат вештините за донесување одлуки и да ја градат самодовербата. Совет: Сите што играат наизменично ги продолжуваат буквите од азбуката и го пополнуваат следното „одам“ (празно) и „земам“ (празно). На пример, одам кај тетка Анита и земам јаболка. Одам во циркус и го земам кловнот. Направете ги што поинтересни за да имате максимална забава.

Автор: Тамара Николиќ/биолог, професор по биологија

Извор



912

X