Децата се многу чувствителни, особено кога се мали, па многу педијатри истакнуваат дека дехидратацијата е особено опасна за нив. Застрашувачки е фактот дека дијарејата е втора водечка причина за смрт кај децата до пет години, што значи дека секоја година умираат околу 525.000 деца на таа возраст. Дијарејата може да се спречи со безбедна вода за пиење и соодветни санитарни услови и хигиена.

Како може родителот да препознае труење со храна?

Првите симптоми на труење обично се појавуваат многу брзо по оброкот, дури и во рок од половина час. Реакцијата варира во зависност од тоа што го предизвикало труењето, но овие неколку симптоми секогаш се очекувани:

-гадење
-повраќање
-дијареја
-болки во стомакот и грчеви
-слабост
-главоболка
-температура, но не секогаш.

Како се лекува труењето со храна?

Во повеќето случаи на детето ќе му биде подобро без специфичен третман, но има моменти кога мора да се повика педијатар. Ако детето не може ни да пие течност без повраќање и почне да дехидрира, мора да одите на лекар. Важно е детето да прими инфузија и одредени третмани со цел да се надополнат водата и електролитите во организмот. За некои видови труење, како што е бактеријата листерија, на децата им се препишуваат антибиотици. За повеќето бактерии детето нема да прима никаков лек, освен ако е особено ослабено имунолошки.

Што да правам ако детето се отруе со храна?

Децата дехидрираат многу побрзо од возрасните. Ваша главна задача е детето да пие доволно течности. Избегнувајте да му давате млеко и газирани сокови полни со шеќер. Дајте му на детето доволно обична вода, по можност во мали голтки, за да не му биде лошо. Избегнувајте да му давате храна во првите неколку часа, додека стомакот не се смири.

Нека јаде кога ќе му биде подобро и нека јаде полека. Прво дајте му бисквити, житарки, тост, ориз. Важно е детето добро да се одмори. Исто така, не давајте му лекови кои ја спречуваат дијарејата. Тоа е начин на телото да ги исфрли бактериите. Ако на вашето дете му дадете лек за дијареја, тогаш сите симптоми може да траат многу подолго, што воопшто не е добро за детето.

Кога треба да се јавите на лекар?

Важно е да се консултирате со лекар кога ќе забележите некои од следниве знаци кај децата:

-Конфузија
-Сува или леплива уста
-Прекумерна жед
-Насолзени очи
-Нема солзи кога плаче
-Нема енергија
-Не мочка многу, па дури и воопшто
-Срцето работи забрзано
-Слабост, вртоглавица.

Ако детето има помалку од пет години или има некој здравствен проблем, на пример, проблеми со бубрезите, веднаш посетете лекар, не чекајте знаци на дехидратација.

Извор



912

X