Кошаркарскиот национален тим на САД објавил прекрасна вест – олимпијката која освои златен медал со кошаркарскиот тим, Нафеза Колиер, ќе стане мајка. Некој би можел да помисли дека првиот олимписки златен медал во кошарка е нешто што би било тешко да се достигне, но и првото бебе сигурно е голем предизвик.
„Отсекогаш сакав да бидам мајка“
Колиер и нејзиниот свршеник Алекс Базел, тренер за вештини за НБА и ВНБА-лигата, се запознале во средно училиште. Меѓутоа, тие почнале да се забавуваат неколку години подоцна. Колиер одела на Универзитетот во Конектикат, а Базел бил нејзин тренер. Во 2019 година Базел го поставил клучното прашање. Иако имале „визија за семејство“, тие не очекувале да започнат да ја реализираат толку наскоро. Како и да е, таа е апсолутно воодушевена што започнува нова етапа од животот. Дури и ако е малку порано од предвиденото. „Едноставно не знаевме кога ќе се случи тоа или каде ќе се случи, па мислам дека сè уште жонглираме со некои од тие прашања“, рекла Колиер. „Но, тоа е како сè друго, спортската средина нè подготвува за такво нешто. Додаваме еден член во нашиот тим и се обидуваме да откриеме што е најдобро за тимот во колективна смисла.“
Olympic Gold Medalist, Napheesa Collier, Announces That She’ll Soon Be a Mom
Колиер изјавила за списанието „Пипл“ дека таа „отсекогаш сакала да биде мајка“, и оти тоа е огромно „изненадување“ и „благослов“.
Веќе го планира времето посветено на кошарката заедно со бебето
Колиер изјавила дека со нетрпение очекува да ја сподели својата страст за кошарката со нејзината ќерка. Да, таа ќе има мало девојче. „Ја имам оваа визија во мојата глава како Алекс седи со бебето кое само ме бодри на игрите“, рекла Колиер. „Навистина сум возбудена поради тоа“.
Автор: Џесика Хинкл