Во првото полувреме од кошаркарскиот натпревар во аргентинската Прва девизија, Антонела Гонзалез требало да влезе во игра повторно, но го прашала тренерот да ѝ отстапи „малку време“.

Таа седнува на столче, ја држи во прегратка својата 11-месечна ќерка Мади, ја крева својата маица и почнува да ја дои. Фотографијата била направена минатата недела и станала вирална.

– Фотографија која ја сумира пасијата – кошарката и да се биде мајка. Тоа е фотографија за жртвата што ја прават мајките“, коментираат од Аргентинската кошаркарска асоцијација на „Твитер“.

фото извор: Twitter Tomas de Rocamora

Кошаркарката била изненадена што нешто толку природно за мајка како што е доењето создаде многу реперкусии, но исто така била и среќна што нешто вакво станало видливо. Гонзалез објаснила во интервју како се организира за да тренира, да игра на натпревари и воедно да се грижи за својата ќерка.

„Мајките сè уште не одлучиле дека ќе веруваат оти по бременоста е можно да се вратат на активностите“, вели таа.

Дополнително на доењето на својата ќерка, 30-годишната кошаркарка постигнала 8 поени во 25-те минути игра.

– Секогаш му давам шанса на бебето пред да започне мечот, но во тој момент и на двете ни требаше тоа – бевме сите возбудени што повторно започнуваме со натпреварот. Ова е многу нормално нешто и среќна сум што можам да го правам – додала таа.

Автор: Медисон Гордон

Извор



912

X