Ах, таа цуцла! Како и многу работи со децата, одлуката е тешка, а на крајот сѐ зависи од тоа на кого му верувате. Односно, за кое верување ќе се одлучите. Сепак, постојат причини „за“ и „против“ користење на популарната цуцла.

Да се ​​понуди цуцла или не? Кога детето не сака – зошто не сака, можеби сепак сака… Ако сака, по година-две ќе се мачите како да ја отсака. И така повторно и повторно, како и многу други родителски проблеми и дилеми. Факт е дека на некои деца им треба цуцла поради посилниот нагон за цицање. Други, пак, цицаат додека јадат. Се обидовме на едно место да ги ставиме причините за и против користењето на цуцла.

Она што треба да го знаете на почетокот е дека цуцлата не е лоша работа. Цуцлата помага да се смири детето, а и не предизвикува никакви медицински или психолошки проблеми (според Американско педијатриско здружение). Но, цуцлата не треба да се користи како замена за оброкот на бебето и по можност не во текот на првите шест недели од животот на бебето.

Причини за користење цуцла

-Може да ја задоволи потребата за цицање. Бебињата се раѓаат со вродена желба за цицање. Сепак, кај некои бебиња тоа е поизразено, па тие имаат потреба и сакаат почесто да цицаат. Ако бебето е сито, не сака повеќе да јаде, но сепак сака да цица, цуцлата е добредојдена опција. Ако детето го сака тоа, се разбира.

-Го намалува ризикот од ненадејна смрт на доенчиња. Една голема студија покажала дека користењето цуцла за време на спиењето го намалува ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња.

-Безопасен аналгетик. Докажано е дека цицањето ги намалува анксиозноста и болката кај бебињата, па затоа цуцлата е идеален аналгетик за помалку болни медицински процедури, како што се земање крв или прегледи.

-Пократок престој во болница. Статистиката покажува дека недоносените бебиња поминувале помалку време во болница доколку користеле цуцла.

-Удобност. Цуцлата обезбедува удобност – во тоа нема сомнеж. Важно е бебето да е сито, па тогаш цуцлата може да го утеши бебето, а мајката да ги одмори болните брадавици некое време.

Тврдења против користењето цуцла

-Премногу силно врзување. Идеално би било детето полека да се одвикне од цуцлата кога ќе наполни една година. Сепак, има малку родители што го одвикнуваат своето дете. Цуцлата дефинитивно треба да стане минато до тригодишна возраст.

-Проблеми со забите. Докажано е дека употребата на цуцла по тригодишна возраст може да предизвика проблеми со гризењето и воопшто со забите.
-Проблеми со говорот. Ако детето користи цуцла предолго, тоа може да му пречи на правилниот изговор.
-Ги намалува инфекциите на увото. Ако користите цуцла, мора редовно да ја миете бидејќи во спротивно на неа може да се формираат бактерии кои можат да предизвикаат инфекција на увото.

Која е добра цуцла?

Најдобро би било цуцлата да е едноделна и од природна гума.

Кога е доста од користењето цуцла?

Никогаш! Ќе кажат некои фанатици. Сепак, во животот на секое бебе доаѓа момент кога цуцлата е вишок. Идеално време за одземање на цуцлата е една година. Меѓутоа, ако продолжи да ја користи, тогаш ви преостанува во договор со детето да ја отфрли. Согласете се дека тоа треба да биде симболичен датум, дека треба да биде симболична цел, а најдобро е тоа да биде одлука на детето, со ваше охрабрување.

Извор



912

X