Доаѓањето на бебето на свет е голема животна промена, но и голем финансиски трошок. Понекогаш сме склони кон позајмување отколку да купуваме ново, што е и во ред. Но, некои работи сепак е подобро да не се позајмуваат. Еве и зошто.

Позајмените седишта за во автомобил не смеат да бидат постари од 4 години

Дали сте знаеле дека седиштата за во автомобил имаат рок на траење? Повеќето седишта имаат рок од 6 години, но зависи и од производителот. Добро проучете го прирачникот за својот модел. Ако истече рокот, нема исти сигурносни стандарди. Би требало да ја знаете „историјата“ на седиштето: дали било во судир и колку е старо.  „Користените автоседишта за новороденчињата кои ги земате предвид не би требало да бидат постари од 4 години. Со тоа ќе се осигурите дека можете да го користите барем 2 години, додека бебето не го надрасне седиштето и не биде подготвено за следниот вид автоседиште“, советува Ана Дуф од здружението „Удруге Рода“, Хрватска.

Пумпата за млеко треба да биде нова

Можно е да биде многу скапа и можеби мислите дека не ви се исплаќа да ја купите бидејќи нема долго да ја користите. А ако мислите да комбинирате доење и пумпање на млекото или од некоја причина сакате само да го пумпате мајчиното млеко, вложете во нова пумпа бидејќи некои бактерии и вируси може да се пренесат во мајчиното млеко. Повеќето пумпи имаат делови кои не можат докрај да се исчистат или заменат. Нема да можете во целост да ја стерилизирате позајмената пумпа, па вашето млеко би можело да биде заразено со бактерии. Од друга страна, можно е по некое време пумпата и да не работи така добро, па целиот процес ќе ви биде мачен.

Новото креветче е посигурно од старо

Американската педијатриска академија предупредува дека лупењето на бојата и рапавите места или иверицата може да бидат опасни за бебето, а шансите за таа опасност се зголемуваат колку што се постари колеките и креветчињата со спуштање на оградите.

Бидете внимателни со кадифените играчки

Слатко е кога некој од семејството ќе ви ја понуди омилената кадифена играчка од нивното бебе, кое сега е веќе пораснато, но внимавајте што земате. Постои реална опасност од пренесување на бактерии преку кадифените играчки или други предмети од ткаенина. Но, ако сакате на бебето да му го дадете вашето омилено кадифено мече од детството, не кревајте паника. Темелно исперете го и проверете дали постои опасност од задушување, на пример дали играчката има „зашиени очи“ кои би можеле да паднат.

Извор



912

X