Социјалната работничка од Шкотска и нејзиниот сопруг веќе имале две деца, 16-годишниот Крег и 6-годишната Луси. Но, кога дознала дека е бремена по трет пат, лекарите ѝ рекле дека контрацептивната спирала се наоѓа опасно блиску до бебето.

Спиралата, која е во форма на буквата Т, се наоѓала во матката и била навалена над грлото на матката. Тоа е местото каде што поминува бебето за време на породувањето. Лекарите ѝ рекле дека нема да можат да ја отстранат во текот на бременоста затоа што постоел ризик да ја раскине амнионската кеса на бебето, која е клучна за преживувањето на бебето во матката.

Исто така, немало начин лекарите да откријат дали спиралата може органски да најде пат во матката. Затоа, Клер била внимателно следена во текот на нејзината бременост за да се осигури дека бебето е безбедно.

– Ситуацијата предизвика хаос и бев прилично нервозна и вознемирена. Одев на скрининг на секои четири недели за да се провери бебето и да се осигуриме дека спиралата не мрднала. Се чувствував како заморче бидејќи лекарите во болницата никогаш немале случај на бремена жена со спирала во матката. Не можеа да ми гарантираат дека бебето ќе преживее ако спиралата се движи – раскажува таа.

По стресни девет месеци, парот му посака добредојде на своето мало момче Луис, кое денес има 10 месеци. Беше родено здраво во 39. недела со тежина од 2 килограми и 800 грама.

– Луис беше во ред, што ми беше огромно олеснување. Кратко време откако се породив, медицинската сестра ја забележа спиралата заглавена во плацентата. Беше прилично шокантна глетка – вели Клер.

– Не можев да поверувам, знаев дека постојат мали шанси за забременување, но не помислив дека ќе се случи. Лекарите ме испратија на поддршка за бременоста и понудија абортус, но бебето беше здраво, така што не сакав да размислувам за абортус. Не планиравме да имаме уште едно дете, но бевме возбудени кога дознавме. Сепак, воопшто не помислив дека може да има компликации поради спиралата. Постои поголем ризик од спонтан абортус и предвремено породување додека сте бремени и имате спирала во вас – вели Клер и додава дека сакала да ја сподели нејзината приказна за жените да знаат дека ако останат бремени со спирала во нив, постои можност нивното бебе да преживее.

– Секоја приказна што ја наоѓав беше прилично застрашувачка и негативна – дека жените ги губат своите бебиња или дека се соочуваат со компликации – вели Клер.

Фото: SWNS:South West News Service

Според веб-страницата на Националниот здравствен сервис на Британија, спиралата е повеќе од 99 отсто ефикасна во спречување на бременоста. Функционира така што ослободува бакар што го отежнува преживувањето на спермата или имплантацијата на оплодената јајце-клетка. Иако некогаш може да дојде до компликации и ризици од спиралата, придобивките вклучуваат дека работи речиси веднаш и тоа во период од неколку години. На веб-страницата на Националниот здравствен сервис пишува дека ако спиралата не успее и останете бремени, постои мал зголемен ризик за ектопична бременост.

– Тоа беа најстресните, најстрашните месеци од мојот живот. Немав поим како ќе се одвива и дали моето дете ќе преживее – завршува Клерк.

Извор



912

X