Да ги натерате децата да спијат во текот на ноќта може да биде тешко, но советничката за спиење Џенифер Робинсон вели дека тоа не мора да биде проблем. Оваа мајка на две деца ги охрабрува своите клиенти да следат постојан ритам, што ќе им помогне на децата да усвојат рутина и да спијат континуирано цела ноќ.

-Важно е да се стремите да се оди на спиење во 19 часот и детето да се разбуди во 7 часот наутро – изјавила Робинсон.

Сепак, ова може да не му одговара на секое дете и има моменти кога времето за спиење може да се помести еден час нанапред.

-Ако откриете дека вашето дете се буди пред шест или седум, поместете го времето за спиење напред. Како општо правило, деветмесечното дете треба да биде будно 12 часа и да спие 12 часа – додала таа. Предлага родителите да се обидат да се придржуваат до тоа до седумгодишна возраст, односно додека детето не тргне на училиште.

-Децата многу се изморуваат, особено кога почнуваат во градинка бидејќи тоа е многу стимулативна средина за нив. Колку спијат навечер, зависи и од тоа дали имале дремка во текот на денот. Многу деца ќе ги елиминираат попладневните дремки на четиригодишна возраст, па тогаш почнуваме да гледаме ноќни будења или ранобудници – изјавила таа.

Ако детето е премногу уморно по враќањето од градинка, постои можност да заспие во автомобилот или кога ќе дојдете дома. Џенифер тврди дека во такви ситуации добро е спиењето да се одложи до 18 часот.

-Ритамот што го предлагам ќе им се допадне на многу родители, бидејќи и ним им треба време за себе. Можеби звучи себично, но родителите треба да бидат најдобрата верзија од себе за да бидат најдобри родители за децата – заклучува консултантот за спиење.

Извор



912

X