„Светот на Биби“ повторно распишува конкурс за нови сказни со ликовите од „Светот на Биби“. Можат да учествуваат и млади и веќе реномирани автори. Треба да испратите кратка приказна (не повеќе од 4.500 карактери со простор) во која главни протагонисти ќе бидат некои од ликовите од „Светот на Биби“: диносаурусот Даро, малата вештерка Филимена, сирената Сребра, жирафата Жижи, лавот Лео, слаткото езерско чудовиште Деси, самовилата Луна, снешкото Гого, бувот Илин, мрзливецот Мики, Џемаил, Зази, Зина или некое од другите зазулчиња, еднорогот Алфеј итн.

Авторите можат да користат повеќе ликови во нивните приказни (вклучително и Биби и Боби), но и да измислат свои ликови.

Општи насоки: Приказните треба да бидат во духот на традиционалните приказни што ни ги раскажувале нашите баби и дедовци.

Приказните се наменети за деца на возраст од 2 до 7 години. Во нив треба да се поттикнуваат пријателството и другарскиот однос со сите, без разлика на нивното потекло, изглед, припадност или попреченост. Особено е важно да се избегнуваат родовите стереотипи. Во приказните треба да се негуваат вистинските вредности и да се поттикнува љубовта кон природата и грижата за животната средина. Сите ликови од „Светот на Биби“ треба да ги задржат карактерните особини што им се припишани во претходните приказни.

Авторите можат да конкурираат со повеќе од една сказна, а приказните што ќе ни ги испратат не смеат да бидат претходно објавувани.

Испраќајте ги на: info@svetotnabibi.mk со назнака „Конкурс за сказни“.

Краен рок за испраќање на приказните е 18 април.

Наградата за откуп на авторските права за една сказна ќе изнесува 10.000 денари.



912

X