Донесувањето ново бебе дома од болница ги тестира нашите нерви дури и во најдобрите околности, а ковид-19 додаде сосема ново ниво на вознемиреност кај родителите на бебиња родени во пандемија.

Се појавија стравови кај родителите кои се прашуваат колку лошо ќе бидат погодени нивните новороденчиња доколку заболат од ковид-19 и како да ги зачуваат бебињата безбедни од вирусот. За среќа, истражувачите имаат добри вести кои сигурно ќе ги смират загрижените родители.

Една нова студија објавена од Американската академија за педијатрија (ААП) покажала дека новороденчињата не се заразуваат со ковид-19 толку често колку што мислат луѓето. Од 1 милион новороденчиња земени како пример, во 109 различни бази на податоци на здравствениот систем во САД, само на 918 новороденчиња им бил дијагностициран ковид-19, што е околу 0,1% од групата. Според оваа статистика, шансата вашето новороденче да го фати вирусот е минимална.

Но, можеби сè уште сте вознемирени. Што ако моето бебе нема среќа и биде во тие 0,1%? Иако ова е валидна загриженост, извештајот покажал дека само 71 од заразените имале тежок случај на ковид-19. Сите овие бебиња добиле доволна респираторна поддршка и 66 од нив биле пуштени дома и целосно закрепнале. Ова носи стапка од 93% на закрепнување, дури и со тешка инфекција, што е навистина утешително. Остатокот од заразените имале благи случаи или биле целосно асимптоматски случаи, а на крајот закрепнувале сами.

Ова се конечно добри вести во врска со опасноста од заболување на бебињата со ковид-19. Но, ова исто така, не значи дека е време целосно да се ослободиме бидејќи сепак е во наш најдобар интерес да одржиме некои од заштитните мерки за ковид-19 што ги усвоивме, како што се миењето раце, вакцинирањето и носењето заштитна маска на многу фреквентните јавни места.

Но, можете да здивнете знаејќи дека вашето новороденче најверојатно нема да биде сериозно погодено од ковид-19.

Автор: Џастин Лам

Извор



912

X