Сите деца се обидуваат да го нацртаат она што ќе го замислат, користејќи ги боите што ги сакаат. И додека некои родители со гордост ги закачуваат на фрижидерите и на ѕидовите ремек-делата на своите најмили, тоа е сè што можат да направат за да ги разберат и ценат нивните напори.

Сепак, живееме во време кога иновацијата е дел од нашите животи, така што не е чудно што некој дошол до идеја да ги претвори сите слатки, чудни и навидум бесмислени детски цртежи во кадифени животни. Резултатите се доста импресивни.

„Бадсис“ е компанија основана во 2013 година од Алекс Фурмански, кој бил инспириран од цртежите на својата помала сестра. Откако видел како неговата сестра Мишел ги легнува во креветот кадифените играчки, тој си помислил: „Што ако можам да ги претворам цртежите во кадифени животински пријатели што ќе траат засекогаш?“ Тоа го натерало да „позајми“ еден од цртежите на Мишел, суштество слично на куче наречено Донглер и да го претвори во играчка.

– На почетокот поголемиот дел од нарачките биле цртежи на деца и други уметнички дела. Сега има и цртежи, но и оригинални ликови, ликови од книги, маскоти за спортски тимови и многу повеќе. Идејата е навистина неограничена и тоа ја прави „Бадсис“ толку посебна компанија – додава претставничката на „Бадсис“, Мелиса.




Фотографии: Instagram



912

X